Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Стажантска програма на Мултивак Бугарија Продакшан- платформа за развој на идни инженери

13 october 2024

In Serbian  In Bulgarian

 

Уште една година поред Мултивак Бугарија Продакшан даде можност на млади таленти да се нурнат во светот на високата технологија, инженерингот и производствените операции со својата летна стажантска програма. Компанијата проектира и произведува компоненти за машините и комплетните решенија на Multivac - лидер во областа на автоматизирани системи за пакување и поделба на порции со примена во прехранбената индустрија, медицината, фармацијата и други. Бугарската компанија го претвори летото на четворица амбициозни стажанти во особено плодна сезона бидејќи тие ги направија првите чекори кон нивниот професионален развој. „Секој од нашите стажанти носи со себе уникатен потенцијал и страст за новите технологии и ние веруваме дека успеавме да ги привлечеме уште посилно кон професијата“, коментира г-ѓа Невена Милева, менаџер „Човечки ресурси“ во Мултивак Бугарија Продакшан.

 

 

Стажантската програма на Мултивак Бугарија Продакшан е внимателно разработена за да им овозможи на учесниците целосен поглед врз активноста на компанијата и производствениот процес. Во текот на месеците поминати во компанијата, стажантите поминуваат низ различните тимови во конструктивниот оддел, при што ја имаат можноста да црпат знаење и искуство од нивните ментори - докажаните специјалисти на Multivac во областа на инженерството, автоматизацијата и индустриските технологии. Програмата им дава можност на младите луѓе практични обуки и им овозможува да ги развијат своите вештини за тимска работа, решавање на проблеми и иновативно размислување. „Секој стажант имаше можност да се нурне во реални проекти со цел да ги примени во пракса своите теоретски знаења и да развие нови компетенции кои ќе му бидат корисни во неговата идна кариера“, додаде Радослав Козарев, менаџер „Конструкторски оддел“.

 

Стажантската програма на Мултивак Бугарија Продакшан е одличен пример за соработка помеѓу академскиот свет и индустријата. „Компанијата инвестира во млади таленти, нудејќи им можност да работат со најсовремени технологии и да стекнат вистинско искуство во една од водечките компании во секторот“, додаде уште г-ѓа Мијрјам Мустафа, менаџер на Мултивак Бугарија Продакшан.

 

 

Адреса: Божуриште 2227, Индустриска Зона, ул. „Валери Петров“ бр. 10
Тел.: +359 2 988 5500

 

 

 

Извор на фотографии: Инженер.БГ, Мултивак Бугарија Продакшан

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »