Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Стадионот на Борусија Дортмунд нуди енергетска ефикасност без аналог со пумпните решенијата на Wilo

12 september 2019

In Bulgarian

 

Во деновите во кои живееме, одговорноста за животната средина одамна не е задача со која се соочуваат само големите производствени претпријатија. И пример за тоа е еден од милениците на фудбалските навивачи ширум светот – Борусија Дортмунд. „По завршувањето на третата фаза од проширувањето на тимскиот стадион во Дортмунд, Германија, спортскиот објект се рангира меѓу најголемите стадиони во Европа. За неговото непречено функционирање и високото ниво на удобност помага интелигентната пумпа Wilo-Stratos MAXO“ соопштија за BalkanEngineer.com од Wilo Претставништво Скопје, подружница на германскиот производител.

 

 

„Атмосфера што може да ја постигне само една фудбалска арена“ – вака се опишува Signal Iduna Park на 2 април 1974 година, кога беше „осветена“ на пријателскиот натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и ФК Шалке 04.

 

 

„Ако би им раскажале на гостите и на фановите пред 50 години за објект од иста димензија со стаклена фасада и подно греење, најверојатно ќе се соочивте само со збунетост. Но, денес стадионот е реалност точно во овој вид“, раскажаа од Wilo Претставништво Скопје. Во исто време, фудбалскиот клуб ја сфаќа многу сериозно одговорноста што ја носат како значаен спортски бренд за животната средина. Една од погодените области се системите за вода и канализација и за греење, вентилација и климатизација на стадионот. Со години, домот на Борусија Дортмунд се потпираше на енергетско ефикасните производи на Wilo кои создаваат „зелена“ околина од снабдувањето со вода на ВИП ложите, до греењето на соблекувалните и обезбедувањето на топла вода.

 

Почнувајќи од 2019 година, новиот модел Stratos MAXO исто така обезбедува вода за легендарната јужна трибина. „Ова е една од првите паметни пумпи во светот. Благодарение на целосно оптимизираните и иновативни функции за заштеда на енергија, како што се Multi-Flow Adaptation и No-Flow Stop, се постигнува индекс на енергетска ефикасност (ЕЕI) од ≤ 0.19 до ≤ 0.17“, коментираа од Wilo Претставништво Скопје.

 

 

Еве како англискиот весник Тајмс го нарече Signal Iduna Park „најдобриот стадион во светот“, поради неговата атмосфера и удобности без аналог...

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: +389 02 3122 058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: +389 070 205 297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Wilo Претставништво Скопје, Македонија, Wilo

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 15 may 2020Megger организира бесплатни вебинари за обука во текот на целата 2020 година. Погледнете ги темите!

    Вести за сите електроинженери и специјалисти од областа на енергетиката! Сега е полесно од кога и да било да ги надградите вашите професионалните знаења и вештини, затоа што Megger подготви нешто посебно за вас. Меѓународниот лидер во мерната опрема спроведува серија вебинари за обука сосема бесплатно, а богатата програма продолжува и во текот на целата 2020 година, соопштија за BalkanEngineer.com од Мегер Бугарија.

  • 13 may 2020Систем за далечинско известување за природен гас на Унисист Инженеринг обезбедува податоци во реално време

    Системот UDS на бугарската производствена компанија Унисист Инженеринге наменет за далечинско известување на количините на природен гас преку мерни места сместени на територијата што ја послужува соодветната компанија за гас. Таа поседува интелигентен софтвер кој овозможува континуиран пристап до податоците од преносната мрежа на гас во реално време. „Интерфејсот базиран на WEB на системот за далечинско известување обезбедува контрола врз базата на податоци и прикажување на информации во соодветна форма“, споделија од компанијата за BalkanEngineer.com.

  • 05 may 2020Т и Д Инженеринг: „Квалитетот на понудените од нас производи и услуги е потврден со соодветни сертификати“

    Основана во 2004 година, докажаната бугарска компанија Т и Д Инженеринг ги насочува своите активности кон инженерингот во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката, нудејќи услуги за проектирање и производство. „Нашето портфолио е исклучително разновидно - од изградба на индустриски мрежи на програмибилни контролери и средства за автоматизација, до проектирање на трафостаници, реконструкција и модернизација на кранови“, информираа за BalkanEngineer.com. од Т и Д Инженеринг.

  • 04 may 2020Сите високоефикасни разменувачи на топлина од марката Tesy ја вклучуваат патентираната технологија турбулатор

    Дали знаете која е функцијата на разменувачите на топлина во бојлерот? И што е турбулатор? За да ги разјасниме овие прашања ги контактиравме специјалистите на Теси. Бугарскиот производител на електрични бојлери и уреди за греење е меѓу водечките во Европа, при што производствениот капацитет на компанијата е 1,5 милиони уреди годишно. Производите со марката Tesy се продаваат во повеќе од 54 земји низ целиот свет, при што прометот на компанијата во 2019 година надминува 72 милиони евра. Еве што објаснија експертите од Теси пред BalkanEngineer.com.

  • 29 april 2020Мегер Бугарија: Кои се главните тестови на трансформатори и каква опрема се користи за нив?

    „Електричните трансформатори се една од најважните компоненти на електричните системи. И нивната точност и сигурност се од клучно значење за наплатливоста на плаќањата. Затоа е неопходно тековните заштитните електрични трансформатори да одржуваат точност преку широк опсег за да го обезбедат правилното функционирање на заштитата со релеи и да спречат несакани исклучувања“, изјавија за BalkanEngineer.com од Мегер Бугарија – подружница на светскиот лидер за мерна опрема Megger.

  • 28 april 2020B2N и други фирми за 3D печатење започнаа со производство на заштитни средства во борбата против COVID-19

    Меѓу компаниите чија активност е реорганизирана според новите реалности е и B2N - докажана бугарска компанија која нуди на пазарот сè што е поврзано со 3D – технологиите, вклучително печатари, скенери, софтвер, потрошен материјал и услуги. „Ние се приклучивме на иницијатива организирана од Фејсбук групата Emergency Hardware COVID-19. За неколку дена, повеќе од 100 сопственици на 3D печатачи се собраа во неа, кои започнаа со добротворни цели производство на заштитни шлемови за лекарите во земјата“, изјавија од B2N за BalkanEngineer.com.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 20 may 2020Германски производители на електрични компоненти градат фабрики во Србија

    Германските компании за електроника HDT и A2000, специјализирани за производство на печатени плочи, ја финализираат изградбата на нивните фабрики во град Свиланац, Србија. Се очекува во двете претпријатија да бидат вработени вкупно 200 висококвалификувани работници, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor.com. Фабриката HDT ќе зафаќа површина од 2000 метри квадратни и ќе биде идното работно место на 100 вработени.

  • 18 may 2020Continental бара инженери и техничари за својата фабрика во Романија

    Германската групација Continental, која управува фабрика за електронски компоненти во романскиот град Сибиу, продолжува да ангажира нови работници и покрај вонредната состојба предизвикана од ширењето на COVID-19, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Со своите 4500 вработени, таа е најголемата фабрика во Западната индустриска зона на градот. Според зборовите на претставник на компанијата, не се извршени отпуштања на вработени и продолжува вработувањето на нови кадри.

  • 13 may 2020Романски стартап имплементира роботи за обработка на барања во банки

    Романската стартап компанија Future WorkForce е креатор на софтверски робот за обработка на барања што банките ги добиваат од клиенти кои сакаат да ги одложат своите уплати, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Две банки веќе ја интегрираа технолошката иновација, која има капацитет да обработува 240 барања на час. Иновативното решение може да ги обработува барањата испратени од клиенти преку сите дигитални канали на банките - преку онлајн формулар преку веб сајтот на институциите, е-пошта, како и кореспонденција преку апликација chatbot.

  • 11 may 2020Green Miles Chemicals инвестира во нова фабрика во Србија

    Хемиската компанија Green Miles Chemicals планира да изгради нова фабрика во индустриската зона во град Зрењанин, Србија, дозна BalkanEngineer.com од CIJEurope.com. Претпријатието ќе биде наменето за производство на трибутил фосфат. Проектираниот капацитет на фабриката, која ќе биде опремена со три производствени линии, ќе биде 6000 тони годишно. Технологијата на производството е проектирана и ќе биде испорачана од кинеската компанија Tianjin Green-Chem-Engineering Chemical Technology. Инвестицијата вклучува изградба на административна зграда, производствен дел, резервоари и поврзани објекти.

  • 07 may 2020Thrivity.mk е новата онлајн платформа за работа во Македонија

    Пребарувачот нуди иновативен концепт кој има за цел значително да го подобри стандардниот процес на барање работа, охрабрувајќи отворен, транспарентен и конкурентен пазар на труд со фокус на компетенциите и квалификациите на луѓето. Thrivity е платформа каде барателите на работа и компаниите можат да регистрираат свои профили користејќи претходно дефинирани критериуми. При објавување на оглас од страна на некоја компанија, Thrivity ги идентификува потребите на работодавачот и го поврзува со профили на луѓе кои би биле потенцијални кандидати за слободното работното место.

  • 04 may 2020Бугарска ИТ компанија со бесплатна разработка за борба против COVID-19

    Бугарската софтверска компанија Sirma AI ја дава бесплатно својата иновативна разработка GraphDB на медицински организации ширум светот кои се борат против пандемијата COVID-19. GraphDB е една од најпопуларните семантички бази на глобално ниво. Во моментов, еден од најголемите предизвици за научните организации кои го истражуваат новиот вирус COVID-19 е огромниот волумен на податоци, непрекинато генерирани од разни извори. Граф базата GraphDB на бугарската компанија Sirma AIго решава токму овој проблем со додавање на структура и врски помеѓу податоците во овој информатички проток преку својата семантичка технологија.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 21 may 2020Rehau Скопје со дигитален саем за иновативни решенија за прозорци

    Како резултат на глобалната криза од ширењето на корона вирусот, многу настани беа откажани, меѓу кои и саемот за фасадни решенија, врати и прозорци во Нирнберг, Германија. И покрај тоа, производителот Rehau наоѓа начин да ги претстави своите иновации во областа на прозорските системи за 2020 година, организирајќи виртуелен саем, дозна BalkanEngineer.com од компанијата. Покрај производството на прозорци и профили, Rehau ја специјализира својата активност и за развој на комплетни решенија, вклучувајќи интелигентни додатоци, системи за лизгање и безбедносни решенија, создавајќи додадена вредност за своите клиенти.

  • 19 may 2020Бугарија со Меѓународен технички саем во Пловдив во есен

    Најголемиот индустриски саем во Бугарија - Меѓународен технички саем, ќе се одржи од 14 до 19 септември 2020 година во град Пловдив, дозна BalkanEngineer.com од организаторите. Минатогодишното издание на настанот пречека фирми од 34 земји, кои демонстрираа технолошки иновации и трансформации во бизнисот. а да се исполнат барањата на бизнисот од 21 век, ќе бидат додадени модерни елементи и флексибилни изложбени решенија - тематски зони и специјализирани секции, со цел да се покажат и истакнат поединечните сектори. Саемот ќе вклучува и зони за демонстрација, каде техниката ќе биде претставена во акција за да се демонстрираат нејзините квалитети.

  • 14 may 2020Србија со меѓународна конференција за решенија за обновливи извори на енергија во оваа есен

    Осмото издание на Меѓународната конференција за обновливи извори на електрична енергија ќе се одржи во Србија во октомври 2020 година. Настанот ќе биде посветен на истражувањата и развојот на технологиите за обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност. Конференцијата е во организација на Сојузот на машински инженери, електроинженери и техничари во Србија (SMEITS) и Асоцијацијата за обновливи извори на енергија и ќе се одржи во главниот град Белград на 15 и 16 октомври 2020 година.

  • 12 may 2020Бугарска компанија во подготовка за лансирање на втор сателит

    Бугарската компанија за нано-сателити Endurosat продолжува со развојот на сателитски комуникациски услуги и ќе се подготвува за лансирање на втор сопствен сателит. Денес, Endurosat планира да го лансира својот втор сателит кон крајот на 2020 година или почетокот на 2021 година. Тој ќе се поврзува со IoT копнени уреди, што ќе овозможи употреба на собраните податоци, а услугата ќе биде наплатена со плаќање на претплата за нивното регуларно примање. Бугарската компанија Endurosat е меѓу првите инвестиции на фондот Neo Ventures, која во 2017 година привлече 1 милион евра финансирање.

  • 08 may 2020ЕБОР со стратегија за економско обновување на Романија

    На 24 април 2020 година, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја одобри својата нова стратегија за обновување на економијата во Романија, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Документот ќе ги раководи инвестициите и посветеноста на банката во земјата во текот на следните пет години. Банката ќе продолжи да поддржува диверзификација во финансискиот сектор, придонесувајќи за развој на локалните пазари на капитал и финансиски решенија. За зголемување на пристапот до финансирање за малите и средни претпријатија ЕБОР ќе соработува со други банки и небанкарски финансиски институции.

  • 05 may 2020Српскиот производител на гуми Tigar Tyres ја обновува својата активност

    Српскиот производител на автомобилски гуми Tigar Tyresја обновува својата активност на 4 мај. Компанијата е рангирана меѓу најголемите извозници во земјата. До 4 мај раководството на Tigar Tyres мора да создаде услови за започнување на производство со полн капацитет, во согласност со препораките и одлуките на српските власти. Активноста во компанијата, лоцирана во град Пирот, мора да биде организирана и во согласност со превентивните и хигиенските мерки разработени од Michelin Group, во чии рамки работи компанијата. Компанијата Tigar Tyres е основана во далечната 1935 година во Пирот како работилница за производство на гумени производи и чевли.

Види ги сите »