In Bulgarian In Serbian
Во 2019 година меѓу докажаните компании-учесници на саемот MachTech & InnoTech Expo, со својата темелна специјализација во автоматизацијата и дигитализацијата на индустриското производство, повторно беше фирма СолТех ДООЕЛ. Салите на Интер Експо Центар – Софија, Бугарија, отворија врати за специјализираниот форум од 15 до 18 април, а на штанд А7 во сала 3 специјалистите на Солтех открија пред гостите какви се клучните предности на Индустрија 4.0.
Од компанијата се потрудија да ги претстават најновите технологии, производи и трендови поврзани со модерната дигитална трансформација и индустриска модернизација. „Компаниите кои пренасочуваат средства кон опрема со висок квалитет и инсталираат софтвери, со кои ја подобруваат својата продуктивност и работна средина, имаат потенцијал да напредуваат во својот развој и да го зголемат волуменот на својот бизнис“, коментираа за BalkanEngineer.com од СолТех.
Бугарската компанија ги развива своите активности во неколку правци и работи со докажани светски производители во секој од нив. Нејзени главни и долгогодишни партнери се Hoffmann Group, Siemens PLM Software, Universal Robots и Mobile Industrial Robots. На овој начин фирмата успева да обезбеди решенија за разновидни индустриски области, како машинска индустрија, производство на пластика и полимери, хемиска и хемиско-фармацевтска индустрија, автомобилска индустрија, прехранбената индустрија и земјоделство, електроника и високи технологии.
„Во рамките на MachTech & InnoTech 2019 го прославивме нашиот 10-годишен јубилеј, при што изведовме томбола со награди од Siemens PLM и Hoffmann Group“, раскажаа од фирмата. Солтех беше домаќин и на презентација на тема Manufacturing 4.0 – A guide to success со учество на Siemens PLM Software, која се одржа на 17 април 2019 година.
Трговска канцеларија
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. "Кукленско шосе” 21
Телефон: +359 32 500 425, +359 877 707 954
E-mail: sales@soltec.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: СолТех, plm.automation, siemens.com