Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Системот WAGO Energy Data Management е моќна алатка за поголема поврзаност

18 april 2018

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

 

Поврзувањето помеѓу сите објекти во една компанија и слободната размена на податоци помеѓу нив е основа на Industry 4.0. Моќен чекор во оваа насока е новиот систем за управување со енергетската потрошувачка WAGO Energy Data Management.

 

Се повеќе компании почнуваат да и посветуваат сериозно внимание на ефикасноста на нивниот станбен фонд и на опремата за производство. „Германската компанија WAGO, докажан производител на производи и комплетни решенија во областа на електротехниката, електрониката и автоматиката може да понуди флексибилни решенија, погодни како за одделна единица, така и за енергетски менаџмент на секоја компанија како целина“, раскажаа за BalkanEngineer.com од ТП ВАГО Контакттехник ДОО.

 

 

„WAGO Energy Data Management е моќно и удобно решение за корисникот“, категорични се од ТП ВАГО Контакттехник. Системот се вчитува на контролерот и автоматски ги препознава поврзаните I/O модули при стартување. Влезовите за снимање на податоци се прилагодуваат со елементарна параметризација. Сите поставки за стартување и работа и за време на работа можат да се направат со помош на глувчето. Не се бара програмирање и бидејќи графичкиот кориснички интерфејс е достапен од било кој стандарден прелистувач, нема потреба од локална инсталација на софтверот.

 

„Лесно и флексибилно поврзување на новото решение на WAGO кон постојните инфраструктури и системи за управување им овозможува на компаниите со веќе постојно управување со енергијата да ги зголемат своите мерни точки на многу едноставен и лесен начин", коментираа од ТП ВАГО Контакттехник ДОО.

 

 

Предности на Системот Energy Data Management System на WAGO:

 - Лесна параметризација преку веб - визуелизација - нема потреба од програмирање;

 - Постојните сензори се поврзуваат со WAGO-I/O-SYSTEM;

 - Интегрирана визуелизација;

 - Проценка на енергетските податоците и создавање на планови за ефикасност.

 

ТР ВАГО Контакттехник ДОО

Адреса: Бугарија, Софија 1330, бул. „Акад. Иван Гешов“ 2Е Бизнис центар Сердика, зграда 1, кат 4, канцеларија 417

Телефон: +359 2 489 46 09; +359 2 489 46 10

E-mail: info-bg@wago.com

 

Компјунет инженеринг

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Владимир Комаров 1A-3/9

Телефон: +389 2 52 11 200; +389 2 24 61 108; +389 75 446 395; +389 78 238 496; +389 76 468 017; +389 78 279 657

E-mail: prodazba@compunet.com.mk

 

 

Извор на фото материјал: ТП ВАГО Контакттехник ДОО, WAGO

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »