Платформски вилушкар на Вени и Ко ќе го олеснува комисионирањето на нарачки во меѓународна компанија

2017-03-102 мин.

In Bulgarian.   In Romanian.   In Serbian.

 

Вени и Ко, водечка компанија во областа на машиноградбата, разработи прототип на платформски вилушкар -комисионер (Order-picker) KH.ORp 0515, информираа за BalkanEngineer.com од компанијата. „Опремата е наменета за комплетирање/комисионирање на клиентски нарачки од сталажни системи со висина до 3,5 m, распоредени на голема површина во затворени магацини, на цврста, рамна и сува површина“, појаснија од централната канцеларија на компанијата.

 

Вилушкарот - комисионер е со носивост од 500 kg, максимална брзина на движење од 15 km/час и рачен погон на управувачот, со опција за серво управување.

 

„За постигнување на саканата висина, ракувачот користи помошни прагови, интегрирани во кабината на возачот, а преземањето или поставувањето на товарите од/на транспортната платформа се извршува рачно“, објаснија од Вени и Ко.

 

Разработката е по нарачка на меѓународна компанија која се занимава со производство на високо - технолошки фендери за пловни садови. „Се очекува одобрување за прототипот, за да биде стартувана целата нарачка“, додадоа уште од компанијата.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, 1505 Софија, ул. "Кутловица" 51-53

Телефон: 00 359 2/946 13 93; 00 359 886 858 321

E-mail: info@veni-bg.com

 

 

Извор на фотографии: Вени и Ко