МаккаБ: Филкаб-Миг учествуваше на бизнис форум во Ниш, Србија

2018-05-163 мин.

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Српската компанија Филкаб-Миг ДОО, учествуваше на бизнис форумот Србија-Бугарија. Настанот се одржа на 19 март 2018 година во Ниш. „Форумот имаше за цел да ги охрабри директните контакти помеѓу бугарскиот и српскиот бизнис при создавање на поволни услови за развој на билатералните трговско - економски односи, производствена соработка, имплементација на добри производствени и трговски практики, создавање на бизнис партнерства, како и трансфер на знаења и технологии“, информираа за BalkanEngineer.com од македонското друштво во структурата на Филкаб - МаккаБ ДООЕЛ.

 

 

На настанот присуствуваа 60 компании од Србија и 40 од Бугарија. Меѓу стоте учесници беше и Филкаб-Миг, дел од групацијата на Филкаб. Друштвото е меѓу лидерите на пазарот на стоки и услуги во областа на електротехниката. „Инженеринг решенијата на Филкаб се применуваат успешно во енергетиката, градежништвото, комуникациите и соопштувањата, каде што имаме многу лојални клиенти“, истакнаа од македонската компанија.

 

„Како перспективна, постојано растечка фирма Филкаб ги има амбициите да нудиме сеопфатни инженеринг услуги во регионот, а целта ни е да го прошириме своето присуство во земјите од Балканскиот полуостров. Можноста за директни средби со идни партнери на бизнис форумот во Ниш е од исклучително значење за иновативна и високо технолошка компанија, каква што е Филкаб“, коментираа од МаккаБ ДООЕЛ.

 

 

Настанот беше организиран од Стопанската комора на Србија во соработка со Извршната агенција за промоција на малите и средните претпријатија на Република Бугарија.

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: 032/277 171; 032/608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: 02/3233727; моб. 072/310300; 071/347133 

E-mail: office@makkab.mk

 

 

Извор на фото материјал: Министерство за надворешни работи на Република Бугарија