МаккаБ ДООЕЛ ја проширува својата активност во секторот за ОИЕ во Турција

2017-12-084 мин.

In Bulgarian.   In Romanian.   In Serbian.

 

МаккаБ ДООЕЛ е докажана производствена, инженерска и трговска компанија која работи во областа на електротехниката, автоматизацијата и енергетиката. Надлежностите на компанијата во областа на трговијата и дистрибуцијата со електроапаратура и средства за автоматизација постепено се зголемуваат со производство и монтажа на електрични табла, комплетни дистрибутивни уреди и бетонски комплетни трансформаторски станици. Искуството од проекти во секторот за обновлива енергија резултираше со трансформација на сектор „ОИЕ“ во посебна компанија - Филкаб Солар ДОО. Новоформираната компанија во рамките на групацијата е наречена Filkab Solar Enerji A.S. и ја застапува за територијата на Република Турција.

 

 

„Нашата турска фирма е основана во 2014 година. Компанијата започна да се развива брзо, особено откако во 2015 година го започнавме нашето партнерство со EPC, сектор на концернот Hanwha Q Cells. Нашата заедничка работа со нив се изразува во изградбата на фотоволтаични инсталации, при што Filkab Solar Enerji A.S. е подизведувач во електричната компонента на проектот“, коментираа за BalkanEngineer.com од МаккаБ ДООЕЛ.

 

За својата кратка историја компанијата може да се пофали со многу успешно реализирани проекти. „Во 2015 година е изградена фотоволтаичната електрана Марас 01 со моќност од 8 MWp. Во 2016 година беа исто така завршени три други објекти со вкупна моќност од 13 MWp. Во 2017 година компанијата веќе работи на 4 нови проекти со многу поголеми моќности. Тоа се Sivas 01 со моќност 3.5 Mwp, Sivas 02 - со 3.5 MWp и Sivas 03 - со 4.7 MWp, како и фотоволтаична централа Elazig 01 - 34.0 MWp“, изјавија од фирмата која планира сите овие објекти да бидат завршени до крајот на годината.

 

Filkab Solar Enerji A.S е меѓу кандидатите за подизведувач на вториот во светот гигаватски проект за фотоволтаичен парк лоциран на територијата на Турција, при што компанијата очекува да добие учество во електро-монтерските активности. Главниот изведувач на објектот ќе биде конзорциум помеѓу Hanwha Q Cells и турската градежна компанија Kalyon Enerji.

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: 032/277 171; 032/608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: 02/3233727; моб. 072/310300; 071/347133 

E-mail: office@makkab.mk

 

 

Извор на фото материјал: МаккаБ ДООЕЛ