Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

МаккаБ ДООЕЛ: Modicon M241 на Schneider Electric репер при компактните контролери за управување со машини

21 february 2018

In Bulgarian   In Romanian

 

Докажаната македонска трговска, инженеринг и производствена компанијата МаккаБ ДООЕЛ го презентира пред читателите на BalkanEngineer.com логичкиот контролер Modicon M241, разработен од глобалниот производител Schneider Electric. „Постигнете висока продуктивност и интегрирани „motion“ функции со логичкиот контролер Modicon M241. Благодарение на своите пет вградени порти, моделот се одликува со едни од најголемите комуникациски можности во својата класа“, информираа за BalkanEngineer.com од МаккаБ ДООЕЛ.

 

 

Логичкиот контролер Modicon M241 поддржува CANopen и Fieldbus комуникациски можности. Опремата се карактеризира со намалено време и трошоци за монтажа. „Со Modicon M241 добивате неограничен Ethernet пристап до вашата машина, секаде и во секое време. Одржувањето на опремата може да се врши преку мобилни уреди и страници за визуелизација, директно проектирани во SoMachine и зачувани во веб-серверот на програмабилниот логички контролер“, појаснија од МаккаБ ДООЕЛ.

 

„Логичкиот контролер Modicon M241 со причина може да се посматра како репер при компактните контролери за управување на машини“, изјавија од МаккаБ ДООЕЛ. Неговата техничка спецификација вклучува:

- до 5 порти - Ethernet, CANopen, две сериски линии, USB порта за програмирање;

- Моќен процесор со две јадра;

- Веб и FTP сервер;

- 8 влезови за брзи бројачи, 200 kHz фреквенција;

- 4 излези за позициона контрола.

 

 

Примени и предности на логичкиот контролер Modicon M241

 

Логичкиот контролер Modicon M241 е разработен за компактни машини со високи перформанси, поддржувајќи функции за управување на брзина и позиција. Интегрирајќи го решението, корисниците можат да ги искористат следниве предности:

- Постигнување на високи перформанси и зголемена рентабилност;

- Интуитивно машинско програмирање со SoMachine;

- Сите потребни карактеристики и функции за порентабилно конструирање на машини;

- Флексибилно управување на машини, прилагодено на размерот на апликацијата што овозможува лесна надградба кон повисоки технолошки платформи;

- Постојан Ethernet пристап и вградени веб-сервери за поедноставување на машинската интеграција и одржувањето.

 

Филкаб  централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: 032/277 171; 032/608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: 02/3233727; моб. 072/310300; 071/347133 

E-mail: office@makkab.mk

 

 

Извор на фото материјал: МаккаБ ДООЕЛ, Schneider Electric

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »