Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

ЛЕМ Бугарија: Сплотениот тим и заедничките вредности се во основата на нашите челни позиции како технолошка

14 september 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

ЛЕМ Бугарија е една од водечките компании, која својата водечка позиција на пазарот ја должи на својот посветен тим од специјалисти. За да одговори на растечкиот обем на работа, компанијата постојано го развива и проширува својот тим. „Очекуваме секое ново пополнување во нашето семејството со трепет и возбуда. Сметаме на динамични и амбициозни кандидати кои сакаат да се приклучат кон нашата глобална заедница, за да продолжиме заедно да ја „пишуваме“приказната за успехот на ЛЕМ“, споделија специјалистите на компанијата. Повеќе за тоа што го прави ЛЕМ Бугарија достоен претставник на врвните работодавци.

 

 

ЛЕМ Бугарија е изграден на стручноста и талентот на сите нејзини вработени, кои неуморно работат за заедно да ги произведат најдобрите решенија. Компанијата обезбедува одлична работна средина како за инженерски и технички специјалисти со богато професионално искуство, така и за оние кои моментално ја започнуваат својата кариера.

 

Организацијата обезбедува многу можности за обука за своите вработени и нуди транспарентност и еднаквост преку промовирање на можностите за работа во рамките на својата мрежа и наградување на успесите на своите вработени. „Даваме гласност на нашите внатрешни приказни за успех и ги охрабруваме нашите вработени да создаваат свои“, коментираа специјалистите на компанијата.

 

Не помалку важно за раководството на ЛЕМ Бугарија е развојот на младите технички таленти, кои компанијата ги гледа како иднина на индустријата и бизнисот. Компанијата постојано спроведува практики, стажантска работа, работилници и обуки, кои имаат за цел да го развијат потенцијалот на младите, а воедно и визуелно да им ги претстават можностите за остварување на кариера во бугарската индустрија.

 

Ефективното и успешно воведување на нови вработени во организацијата е главен приоритет на ЛЕМ Бугарија. „Секој нов колега поминува низ глобална програма за воведување која се состои од неколку делови и има елемент на гејмификација“, објаснуваат од компанијата.

 

Програмата ги вклучува следните чекори:

 

-Вработените го започнуваат своето воведување уште пред официјално да и се приклучат на компанијата. За таа цел тие поминуваат низ интерактивен модел на запознавање со клучните информации за компанијата;

-По присоединувањето кон организацијата, секој од нив ја следи својата програма за воведување во специјално креирана апликација;

-Новите вработени имаат можност да се вклучат во глобални сесии за запознавање со различните поединци во компанијата.

 

 

„На секој му приоѓаме со разбирање, помагајќи си еден на друг“, додадоа уште од компанијата.

 

Како за благосостојбата на младите специјалисти, ЛЕМ Бугарија одговорно се грижи и за сатисфакцијата на докажаните професионалци од својот тим. Компанијата обезбедува конкурентна плата и широк спектар на социјални бенефиции, стремејќи се да создаде чувство на припадност и тимски дух меѓу своите тимови.

 

Адреса: Софија 1220, ул. Илиенско Шоше 8

Телефон: +359 424 63 33

E-mail: recruit-bg@lem.com

 

 

Извор на фотографии: ЛЕМ Бугарија

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »