In Bulgarian In Serbian
Инж. Константин Костадинов е технолог во погон Леарница на една од фабриките на докажаниот бугарски производител на метални одлеаноци Метал Технолоџи Групација АД – Алуком во град Плевен. Како поминува еден негов работен ден во фабриката? Што ново претстои? Како ќе помине стажантската програма 2019 во Алуком? Дознајте од ексклузивниот разговор на тимот на BalkanEngineer.com со инж. Костадинов во следните редови ...
Г-дин Костадинов, вие сте технолог во една од фабриките на бугарска компанија од меѓународни димензии. Дали ќе споделите со нас што вклучуваат вашите одговорности?
Фабриката е специјализирана за машинско леење на алуминиумски детали под низок притисок и со противпритисок на сите легури базирани на AlSi во согласност со EN 1706. Како технолог во Леарница мојата работа бара да следам за технологијата и режимите на леење. Исто така сум одговорен за контрола и воведување во работа на нова опрема и машини.
Вие сте воспитаник на Технички универзитет – Габрово, Бугарија. Како наученото во универзитетот ви помага во работата?
Да, дипломирав Мехатроника на Технички универзитет – Габрово. Мојата специјалност нема ништо заедничко со леењето, но многу брзо навлегов во работата. Работам во Алуком од две години, секој ден научувам и се соочувам со нови работи. Можам да кажам дека специјалноста на која дипломирав ги проширува моите хоризонти и ми овозможува поефикасно да ја вршам мојата работа.
И за финале, дали ќе го споделите она што претстои кај вас?
Во моментов воведуваме три нови машини. Тие дозволуваат да се лее како под низок притисок, така и со противпритисок. Ќе почнеме со леење со низок притисок, но после тоа ќе ја користиме технологијата со противпритисок. Разликата е чисто технолошка во поглед на производите. Покрај машините со кои работиме имаме и рендгенска контрола - рендгенска кабина во која ги прегледуваме деталите за дефекти.
Во моментов компанијата бара да вработи:
- Електро техничар;
- Технолог Механичка обработка.
Адреса: Бугарија, Софија 1404, бул. Блгарија, населба Бокар, зграда 18
Телефон: 00 359 2/818 59 59
E-mail: mtg@mtgbg.com, sales@mtgbg.com, hr@mtgbg.com
Повеќе информации за Метал Технолоџи Групација АД слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Инженер.bg