Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Технолог Механичка обработка

04/11/19 назад
Метал Технолоџи Групација АД

Конкурирај

  • Бугарија
  • Софија
Технолог Механичка обработка

ГРУПА ТЕХНОЛОГИЈА НА МЕТАЛИ – „АНГЕЛ БАЛЕВСКИ ХОЛДИНГ“ АД обединува водечки бугарски фабрики во областа на машиноградбата. Холдингот има етаблирани клиенти меѓу најголемите индустриски концерни на европскиот пазар.

 

Секоја фабрика, дел од MTG има уникатни производствени знаења и технологија. Трите фабрики се едни од најголемите и стабилни претпријатија во секторот во Бугарија и регионот. Вкупно во холдингот работат повеќе од 560 лица, а производството е целосно ориентирано кон извоз.

 

Со своето одговорно однесување на пазарот и кон своите вработени, Компанијата се етаблира како обединета Групација со многу можности за работа и развој, како посакуван и претпочитуван работодавач во индустрискиот сектор во Бугарија.

 

За едно од нашите претпријатија во Софија (на околу 250 километри од Скопје), специјализирано за производство и машинска обработка на лимови од сиво и нодуларно леано железо, бараме Технолог Механичка обработка.

 

За работното место:

Главните одговорности на Технолог, механичка обработка се поврзани со:

  • Разработка на технолошка документација за механичка обработка на деталите;
  • Извршување на контрола на спроведувањето на технолошките процеси во согласност со барањата на производството и клиентите;
  • Извршување на контрола во согласност со технолошките барања во механичката обработка на производите и работата на опремата, алатките, опремувањето и дополнителните делови;
  • Разработување на технологијата, опремата, алатките и опремувањето за воведување на нови производи;
  • Изготвување на технолошки картички и цена за механичка обработка на новите детали;
  • Анализа на потрошувачката на суровини и материјали и нивната усогласеност со технолошката документација;
  • Организирање на собирањето на статистички информации и податоци за известување во врска со евалуација и анализата на квалитетот на разработките;
  • Учество во стручни совети поврзани со техничкиот и технолошкиот развој на Компанијата;
  • Учество во подготовката на понуди за пристигнати прашања, давајќи мислење и цена.

 

Барања за работното место:

  • Високо техничко образование во областа на машиноградбата или леењето на метали;
  • Потребно професионално искуство: 1-3 години;
  • Вештини за работа со 3D координатна мерна машина;
  • Вештини за изготвување на технолошки картички, инструкции и норми за трошоци;
  • Познавање на механичка обработка на детали од леано железо ќе се смета за предност;
  • Одлична компјутерска писменост - MS Office;
  • Слободно користење на англиски јазик - писмено и говорно;
  • Владеење на софтверски производ ќе се смета за предност;
  • Вештини за справување со настанати проблеми во кратки рокови;
  • Иновативно и конструктивно размислување.

 

Нашата понуда:

Во својата долга практика Компанијата се увери дека луѓето се највредниот и важен фактор за успехот на Компанијата. Високо ја цениме тимската работа, креативноста и поддршката, како и постојаната потрага по постигнување на поставените цели. Ние се трудиме нашите вработени да се чувствуваат задоволни и мотивирани на нивното работно место. За ова ви нудиме:

 

  • Добри услови за работа;
  • Флексибилни шеми за плаќање;
  • Мотивационен бонус систем;
  • Многу социјални бенефиции, како што се ваучери за храна и ручек, билети за спортски настани и попусти за различни објекти, обезбеден превоз итн.
  • Можности за менторство и поддршка во развојот на кариерата.

 

Придружете му се сега на големото семејство на MTG!

 

Ако сте заинтересирани за работното место, испратете го вашето CV. Само кандидати одобрени според документи ќе бидат повикани на интервју.

 

Сите кандидати ќе бидат разгледувани со строга доверливост и во согласност со барањата на Законот за заштита на личните податоци.

  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • Машински инженер
  • Металуршки инженер
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

hr@mtgbg.com

Види ги сите

Фирми

  • Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ

    Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ е дел од меѓународниот концерн Liebherr. Фирмата му припаѓа на насокатаза бела техника, што е лидер во секторот. Од своето основање во 2000 година Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ инвестира над 220 000 000 лева во своите производствени и логистички површини, во континуирана модернизација и проширување, во развој и зголемување на квалификациите на персоналот.

  • Вени и Ко ДОО

    Основано во 1992 година, друштвото ВЕНИ и Ко е специјализирано за проектирање, производство и реализација на магацински машини и помошни средства кои ја елиминираат или олеснуваат физичката работа при работа во магацини и вршење на активности при утовар - истовар. Во моментот се реализирани над 4400 парчиња магацински машини во Бугарија, Македонија, Србија, Романија и др.

  • Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ

    Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ е филијала на водечкиот германски производител Behr-Hella Thermocontrol (BHTC). Компанијата се занимава со развој и производство на електроника за системи за климатизација во автомобилскиот сектор. Во групата ВНТС се вработени повеќе од 1700 лица кои работат како во централата во Германија, така и во Бугарија, Кина, Индија, Јапонија, САД и Мексико.

Види ги сите »