Инженеринг ЕАД: Ние произведуваме различни електрични разводни табли кои служат за потребите на индустријата и домот

2023-10-145 мин.

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Електричните табли се електротехничка опрема кои се составуваат според спецификите на конкретната примена за која се наменети. Докажаната инженеринг и производствена компанија Инженеринг ЕАД, дел од групацијата Филкаб, се етаблира како сигурен и префериран избор за производство на различни видови разводни табли.

 

 

Инженеринг ЕАД ги произведува и нуди следниве типови на електрични разводни табли:

 

Разводни табли

Тие се наменети се за дистрибуција на нисконапонска (НН) електрична енергија во индустриски објекти, јавни, административни, станбени згради и други. На оваа категорија и припаѓаат следниве подвидови:

 

-Енергетски разводни табли;

-Разводни табли за сопствени потреби;

-Разводни табли за фотонапонски паркови;

-Модуларни разводни табли.

 

Табли за електрични броила

Овој тип на табли се користи за мерење на потрошената електрична енергија. Кон нив спаѓаат следните подвидови:

-TEMO: табла за електрично броило во метална обвивка за надворешна инсталација;

-ТЕМЗ: табла за електрично броило во метална обвивка за внатрешна инсталација;

-ТЕПО: табла за електрично броило во полимерна обвивка за надворешна инсталација;

-ГЕТ: главна табла за електрично броило во полимерна обвивка за мерење на електрична енергија во станбени згради.

 

Кабелски дистрибутивни ормани (КДО)

„Таблите за електрични броила и кабелските дистрибутивни ормани што ги произведуваме се усогласени и координирани со соодветните барања. За нивно склопување користиме фабрички кутии или ормани кои можат да бидат метални, пластични или полиестерски“, информираа од компанијата.

 

Електрични табли за автоматизација, КИП и A, контролни табли, MCC (центар за контрола на моторот) табли

Тимот на Инженеринг ЕАД проектира и произведува електрични табли за индустриска/за згради автоматизација и контрола според индивидуалните барања на клиентите.

 

Заштитни табли

Оваа категорија ги сумира разводните табли со вградени заштитни уреди и апарати за спречување на недозволени големи импулсни пренапони на линиите за напојување.

 

 

Командни и релејни табли, командни ормани

Овие табли се наменети за управување на опремата во електричните трафостаници од контролна соба.

 

Комплексни компензаторски уреди  (ККУ)

ККУ се наменети за компензација на реактивна моќност. Тие се исклучително поволно решение за зголемување на енергетската ефикасност, односно за намалување на трошоците при користење на електрична енергија. Главна карактеристика на овие уреди е употребата на системи од кондензатори.

 

Табли за поправка

„Таблите за поправка што ги произведуваме можат да бидат како неподвижни, така и преносливи. Во двете верзии, тие имаат контакти што се отпорни на влага и се опремени со индивидуална или групна заштита од неправилна струја. Нивното склопување може да се комплетира со пластични или метални кутии наменети за монтажа на ѕид или рамка за монтирање“, информираа специјалистите.

 

Табли за автоматско вклучување на резерва (АВР)

Овие табли се проектирани за автоматски префрлување на инсталацијата кон резервно напојување во случај на прекинување на главното напојување.

 

Нестандардни табли

Инженеринг ЕАД обезбедува услуга за изведба на електрични табли според индивидуална нарачка (обезбеден проект) на клиентот.

 

Инженеринг ЕАД – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +359 2 323 3727; моб. +359 72 31 0300; +359 71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Инженеринг ЕАД, canva.com