In Bulgarian
Почетокот на едно претпријатие е тежок процес, дури и ако станува збор за единица на добро докажана меѓународна компанија. Кога во 2013 година на бугарскиот пазар се појави производителот на електроника за системи за климатизација во автомобилската гранка Behr-Hella Thermocontrol (BHTC), целиот тим вклучен во новиот почеток се соочи со вистински предизвик. Само неколку години подоцна, компанијата планира уште едно проширување, по што персоналот ќе се зголеми за 150 нови вработени. Какви биле доживувањата на еден од првите вработени во бугарската компанија, BalkanEngineer.com дозна од него самиот. Значи, ве запознаваме со Минко.
„За мене беше голем предизвик да бидам дел од процесите на утврдување и афирмација на компанијата во Бугарија“, коментира Минко, супервизор и еден од првите вработени во Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ. Во овие првични чекори на големиот производител, Минко се запознава со основните практики на успешно основање и развој на една компанија. Роден во Бугарија, добива економско образование на Универзитетот во Хајделберг, Германија. По дипломирањето, се враќа во својата татковина.
„Во Бер-Хелла Термоконтрол се вработив во февруари 2013 година. И ова е компанијата во која ја планирам мојата долгорочна кариера. Јас сум сигурен дека тука можам да најдам уникатни можности за професионален и личен развој“, споделува Минко. Според неговите зборови, за еден млад специјалист е исклучително важно да добие можност да ги демонстрира своите способности и да го развие својот потенцијал. Имено тоа го привлече кон BHTC.
Во врска со своето проширување компанијата бара да вработи:
- Шеф на смена - Производствена логистика, Излезна зона;
- Техничар Аналитичар;
- Електротехничар;
- Техничар за одржување;
- Design Engineers;
- Production Planning and Customer Service Representative;
- System Test Engineer;
- Supplier Quality Technician;
- Hardware Egineers;
- Software Engineer – Embedded SW Development.
Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8
Телефон: +359 2/999 88 41
E-mail: bulgaria@bhtc.com
Повеќе информации за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ