Odelo ќе инвестира во нова фабрика за фарови во Бугарија
2019-03-052 мин.
In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Турската компанија специјализирана за производство на фарови за автомобили Odelo ќе ја отвори својата прва производствена база во Бугарија, дозна BalkanEngineer.com. Друштвото е дел од турскиот холдинг Bayraktarlar и работи како во Европа, така и во Азија.

Odelo ќе инвестира 40 милиони евра во фабрика во Куклен, Тракија економска зона, каде ќе се произведуваат фарови за Мерцедес. Производителот располага уште со 6 бази во Кина, Турција, Словенија и Германија.
Во 2011 година, Odelo беше купена од турската компанија Farba Automotive, снабдувач на фарови за автомобилската индустрија. Компанијата работи со големи имиња во автомобилската индустрија, како што се Мерцедес, Фолксваген, Ауди, Тојота, Рено и Фиат.
Се очекува до крајот на следната година во новата фабрика да стартува производствената линија за фарови.
Извор на фото материјал: pixabay.com