In Bulgarian In Albanian In English In Roamanian In Serbian
Романскиот град Брашов неодамна ја отвори првата функционална виртуелна кула за контрола на летање во Романија и Југоисточна Европа, што овозможува управување со сообраќајот на новиот аеродром да се врши од Арад, оддалечен 450 километри. Ова го дозна BalkanEngineer.com од MSN.com.

Аеродромот Брашов-Гимбав, најновиот во Романија, е првиот во земјата што има виртуелна контролна кула. Тоа значи дека полетувањето и слетувањето на авионите во реално време ќе го координираат специјалисти од Центарот за контрола на летови во Арад, во близина на границата со Унгарија. Системот беше тестиран три недели и објавените слики ја покажаа неговата ефикасност.
Виртуелната контролна кула има голем број на предности во споредба на класичната. Сензорите во неа можат да пронајдат животни и птици кои навлегуваат во периметарот на аеродромот, а при неповолни метеоролошки услови, како што е густа магла, контролорите ќе имаат чиста видливост на воздушниот простор. Функцијата „слика во слика“, која го заменува класичниот двоглед, може да ја зголеми сликата 30 пати.
Извор на фотографии: canva.com