Меѓународната конференција за управување со води EWaS се одржa во Грција
2016-06-151 мин.

Второто издание на Меѓународната конференција за управување со водите EWaS беше организирано од Универзитетот на Тесалија и Техничкиот универзитет на Крит, дозна BalkanEngineer.com. Настанот се одржа под мотото „Ефикасно и одржливо управување на водните системи“. Местото на настанот беше град Хања, кој се наоѓа на грчкиот остров Крит.
Фокусот на EwaS 2016 беше ставен на интегрираното и одржливо управување на водните ресурси, ефектите од глобалните климатски промени, подобрување на ефикасноста на водните системи и заштитата на животната средина.

Поради тоа посебно внимание беше посветено на последните развои стратегии и техники, како и на прилозите на најдобрите меѓународни практики во ефикасното и одржливо управување на водните системи и многу друго.
Извор на фотографии: EWaS 2016