Дозволите за градба во Македонија бележат годишен раст од 57% до месец мај

2016-07-182 мин.

In Bulgarian.   In English.   In Romanian.   In Serbian.

 

Бројот на издадени одобренија за градба во Македонија во месец мај е зголемен за 57% на годишно ниво до 292 парчиња, соопшти статистичката служба на земјата, цитирана од новинската агенција SeeNews.com.

 

Проценетата вредност на градежните проекти, кои ги опфаќаат издадените дозволи е зголемена за 13% во однос на истиот период изминатата година до 79.7 милиони евра, покажуваат уште податоците.

 

 

Во соопштението се наведува дека се издадени вкупно 163 одобренија за градба на нови згради, 33 за проекти во областа на станбеното градежништво и 96 за проекти поврзани со обновување.

 

Во рамките на периодот се планирани за изградба вкупно 750 станови со вкупна површина од 63 183 m2, а лицата кои добиле дозволи за градба се 182.

 

Извор на фотографии: SeeNews.com