Алтерко известува за над 60% раст на приходите од продажба на апарати за домаќинство
2023-04-193 мин.
In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Бугарската компанија Алтерко објави дека реализирала раст од повеќе од 60% за приходите од продажба на IoT производи и поврзаните со нив услуги. Податоците се однесуваат на првиот квартал од 2023 година и се споредени со истиот период во 2022 година. Приходите од продажбата се во висина на 27,8 милиони лева, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg.

Алтерко е софтверска компанија чија активност е разработка и трговија со лични брендови артикли од гранката за Интернет на нештата (IoT), како и за автоматски надзор на домот и канцеларијата. Компанијата е основана во Бугарија, но нејзиното производство е во Азија. Технолошкиот холдинг основан во Бугарија е составен од шест подружници и има канцеларии во Бугарија, Словенија, Кина, САД и Германија. Производите на компанијата се продаваат во повеќе од 100 пазари.
Поголемиот дел од приходите на бугарската софтверска компанија доаѓаат од продажбата на ІоТ уреди соод брендот Ѕhеllу. Тие нараснуваат со 63,9% на 27,2 милиони лева. Следат приходите од продажби на производите за следење МуКі кои се зголемени за 14,1% на 0,6 милиони лева.
Во почетокот на март од компанијата објавија дека консолидираните приходи за 2022 година се во висина на повеќе од 94 милиони лева. Тоа е раст за 50% повеќе во споредба со 2021 година. Нето добивката на компанијата исто така се зголемува, но со помало темпо– околу 10% до 17.4 милиони лева.
Наскоро софтверската фирма ја заврши првата фаза од стекнувањето на својот конкурент од Словенија GОАР во зделка за 2 милиони евра. Овој бизнис потег мора да помогне да се прошири технолошкото портфолио на бугарскиот производител и трговец, кој ја следи стратегијата на меѓународно проширување.
Кон крајот на 2022 година, бугарската компанија пријави зголемување на профитот од продажба за 44% во својата кампања „Црн петок“. Токму на оваа позадина, од компанијата најавија дека ќе отворат центар за истражување и развој во главниот град на Ирска, Даблин.
Извор на фотографии: canva.com