Романија и САД со спогодба за финансирање на нуклеарната централа „Црна вода“

2020-10-202 мин.

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Романскиот министер за енергетика Виргил Попеску се состанал со американскиот секретар за енергетика Дан Браулет за потпишувањето на спогодба за меѓувладина соработка за нуклеарната централа „Црна вода“, дозна BalkanEngineer.com од World-Nuclear-News.org.

 

 

Во јули оваа година Романскиот премиер Лудовик Орбан изјави дека владата планира да инвестира до 9 милијарди евра до 2030 година во модернизацијата и изградбата на блоковите 3 и 4 на нуклеарната централа „Црна вода“, кога се очекува да заврши изградбата на. двата блока.

 

Управуваната од Nuclearelectrica централа се наоѓа во југоисточниот дел на Романија. Таа има два реактори по 700 MW секој, кои задоволуваат приближно една петтина од потребите на земјата од електрична енергија.

 

Извор на фотографии: pixabay.com