Нова фабрика за бродска опрема отвора врати во Перник во 2017 година
2016-07-132 мин.
In Bulgarian. In English. In Romanian. In Serbian.
Фабрика за бродска опрема ќе проработи во 2017 година во град Перник. Инвеститор на проектот е фирма Lalizas, грчка компанија со утврдени традиции и повеќе од 30 години искуство во производството на спасувачка техника и бродска опрема. Се проценува дека вкупната вредност на инвестицијата ќе стигне до 10 милиони лева, а бројот на вработените ќе изнесува околу 200, соопштија за BalkanEngineer.com од фирмата.

Новата фабрика во Перник ќе го носи името "Оушнфендерс", како што се предвидува треба да има седум сектори. Погонот за производство на спасувачки сплавови ќе биде со капацитет од 500 парчиња годишно. Во него ќе се прават лиени делови, ќе се врши монтажа, хемиска обработка и пакување. Секторот за пластични бродски бафери се очекува да има капацитет за 80 илјади парчиња класични и 100 илјади парчиња меки производи годишно. Производството на бродски макари ќе се врши во посебни единици за леење, ковање на обоени метали, механичка обработка и монтажа и единица за хемиска преработка. Капацитетот ќе биде околу 100 парчиња илјади годишно.
Извор на фотографии: Lalizas