Ford Motor го преселува производството на моделот EcoSport во Романија

2016-04-082 мин.

In Bulgarian.   In English.   In Romanian.   In Serbian.

 

Компанијата Ford Motor ги најави своите намери да го префрли производството на компактниот SUV EcoSport од Индија во нова фабрика во романскиот град Крајова, дозна BalkanEngineer.com од detroitnews.com. Првичните процени покажуваат дека операцијата за преместувањето ќе ја чини компанијата околу 200 милиони евра.

 

Автомобилскиот производител од Дирборн планира да го премести производството на EcoSport од Ченај, Индија, во Романија во есента на 2017 година. Фабриката во Индија ќе продолжи да произведува ЕcoSport за локалниот пазар како и за извоз, појаснуваат од Ford, но поголемиот дел од SUV моделите за европскиот пазар ќе се произведуваат веќе во Романија.

 

 

Компанијата Ford има фабрика во Крајова од 2008 година.

 

Извор на фотографии: ford.com, autolatest.com