Француски производител на автомобилски компоненти отвора нова фабрика во Романија
2016-10-132 мин.
In Bulgarian. In English. In Romanian. In Serbian.
Францускиот производител на автомобилски делови Faurecia отвори кон крајот на септември нова фабрика во градот Рамнику Валчеа, научи BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Инвестицијата е во вредност од 12 милиони евра.
„Повеќе од 700 лица ќе работат во новото претпријатие“, изјави Хаген Виснер, извршен потпретседател на секторот за седишта на Faurecia Automotive. Се очекува фирмата да вработи уште 600 лица до крајот на 2017 година.

Фабриката, која се наоѓа на 12 000 м2, има за цел да произведе 280 000 декоративни капаци до крајот на годината. Капаците се користат од меѓународни производители на автомобили како Renault, Peugeot и Volkswagen.
Во Романија компанијата има производствени бази во Талмачиу каде произведува седишта, во Крајова, каде поседува база за технологии за контрола на емисиите и во Питешт - фабрика за ентериерни системи. Во нив се вработени околу 3 000 лица, а нивниот промет за изминатата година е во износ од 203 милиони евра.
Извор на фотографии: Romania-Insider