Нов погон за железнички и автомобилски делови се гради во македонскиот град Пробиштип
2016-08-122 мин.
In Bulgarian. In English. In Romanian. In Serbian.
Камен - темелник на нова фабрика за производство на делови за монтажа за железничката и автомобилската индустрија "Cranfield Foundry" беше поставен во индустриската зона Neokazi во македонскиот град Пробиштип во крајот на месец јули, соопштија за BalkanEngineer.com од македонското електронско издание MacedoniaOnline.eu.

Инвестицијата во вредност од 15 милиони евра ќе отвори 280 работни места и се очекува проектот да започне во пролетта на 2017 година. На церемонијата присуствуваа македонскиот премиер Емил Димитриев, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, владини службеници и претставници на локалната власт.
За време на настанот беше уште најавено дека фабриката ќе биде изградена во согласност со највисоките еколошки стандарди и беше нагласено дека овие видови на индустриски претпријатија се основен предуслов за побрз развој на секторот на автомобилската индустрија.
Извор на фотографии: MacedoniaOnline.eu