Компанија од ОАЕ ќе гради фабрика за рециклирање на искористено масло во Романија
2016-08-162 мин.
In Bulgarian. In English. In Romanian. In Serbian.
Компанијата од Обединетите Арапски Емирати Chemie-Tech, чиј предмет на работење е инженеринг и управување со проекти ќе инвестира 62 милиони американски долари во фабрика за рециклирање на искористено маслото од автомобилската индустрија. Претпријатието ќе биде сместено во романскиот град Олтенита, објавија за BalkanEngineer.com од информатичкото издание ConstructionWeekOnline.com.
Фабриката во Романија ќе има капацитет да рециклира годишно 73 000 тони искористено масло. Фабриката е прва ваква инвестиција за Романија, како и за Централна и Источна Европа воопшто, коментира романското издание Economica.

Сместена во Шарјах, третиот по големина град во ОАЕ, групата ќе користи кредит од 16,5 милиони американски долари од Европската банка за обнова и развој.
Дел од проектот е изградба на национална мрежа за собирање на искористеното масло во земјата, што ќе биде преработено во новото претпријатие.
Извор на фотографии: Chemie-Tech