Две нови хидроцентрали се градат на реката Девол во Албанија
2016-03-091 мин.
Норвешката инженерска компанија Multiconsult склучила договор со Devoll Hydropower за развој и инженеринг на две хидроцентрали во Албанија, дозна BalkanEngineer.com од специјализираниот сајт Hydroworld.com.

Проектот на Devoll Hydropower во Албанија се однесува на две хидроелектрични централи - Бања и Моглице кои се градат во долината на реката Девол. Тие се со вкупна инсталирана моќност од 256 MW. Хидроцентралите ќе произведуваат 729 GWh енергија годишно, зголемувајќи го општото енергетско производство на Албанија со 17%.

Инвестицијата е во вкупна вредност од 535 милиони евра. Проектите се очекува да бидат завршени во 2016 година и 2018 година. Multiconsult ќе има обврска да обезбеди квалификуван персонал на клиентот на самото место.
Извор на фотографиите: Devoll Hydropower Project