Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Соларен систем Solcos на Oventrop помага во загревањето на вода во спортски центар во Англија

14 june 2018

In Bulgarian

 

Спортскиот центар Graves, кој нуди бројни можности за спорт и забава е еден од најмодерните објекти од овој тип во град Шефилд, Јужен Јоркшир, Англија. Центарот располага со фитнес сала, базен за пливање, 6 внатрешни и 12 отворени тениски игралишта, сали за гимнастика, сала со трамбулини и др. Тој е отворен во просек по 16 часа во деноноќие при што во овој период опслужува околу 100 лица. Посетата на повеќето од нив е поврзано со користењето на топла вода, за обезбедување на голем дел од која се грижат сончеви колектори на докажаниот европски производител на решенија за греење, вентилација и климатизација Oventrop GmbH & Co. KG KG.

 

 

Потрошувачката на топла вода во спортскиот центар Graves е променлива. „Користењето на обновливите извори на енергија во слични случаи е добро решение, кое би го помогнало ефективното покривање на потребите од топла вода, а во исто време е од корист и за животната средина, придонесувајќи за намалување на емисиите на јаглерод“, појаснија од Oventrop за BalkanEngineer.com.

 

За реализација на системот се избрани високо ефикасните рамни сончеви колектори Oventrop MQ, чија вкупна инсталирана површина изнесува 20 м2. Поради карактерните специфичности на протокот нема потреба од употреба на специјални цевкасти елементи, како и такви за одржување на хидраулична рамнотежа.

 

Целата колекторска област е поврзана со резервоар со капацитет од 1000 литри, преку употребата на една претходна изолирана цевка од нерѓосувачки челик. Решението обезбедува брза и лесна инсталација која не бара дополнителни приклучни врски. Во конкретниот случај тоа е од суштинско значење за непречено преминување на цевката низ структурата на зградата.

 

Доброто управување на системот е гарантирано преку група од пумпи од серија A Regusol ELH 130. Таа има вграден контролер за заштита на колекторите од прегревање и е целосно во согласност со најновите ERP одредби.

 

Oventrop GmbH & Co. KG

Адресa: Германија, Д-59939 Олсберг, Паул Овентроп Штрасе 1
Телефон: 0049 2962 82 0
Факс: 0049 2962 82 400
E-mail: mail@oventrop.com

Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00389 42215594
Мобилен: 00389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk

 

 

Извор на фото материјал: Oventrop GmbH & Co. KG KG KG

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »