Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Со револуционерни мерки за енергетска ефикасност, фабриката на АББ во бугарскиот град Раковски ја намали емисијата на јаглерод

28 july 2024

In Bulgarian

 

Фабриката АББ во град Раковски, Бугарија, специјализирана за производството на компоненти за електрична опрема, обележува важна фаза во својата мисија за одржлив развој со намалување на емисиите на јаглерод (CO2) за 1.250 тони. Овој значаен чекор напред е резултат на имплементираните мерки за енергетска оптимизација, кои вклучуваат целосно мерење и контрола на енергијата, модерен систем за управување со зградата, инсталирање ма топлински пумпи, подобрувања во LED осветлувањето и инсталирање на точки за полнење на електрични возила (EV).

 

 

„Преку новоспроведените мерки, нашата фабрика во Раковски успеа да ја намали потрошувачката на енергија во своето работење за 22%, што доведе до подобрување на енергетскиот интензитет со импресивните 43% во споредба со 2019 година. Овој напредок е особено значаен за нас бидејќи е постигнат истовремено со зголемувањето на приходите од производството. Нашата фабрика зафаќа површина од 39.000 квадратни метри и вклучува две производствени згради за производи со низок и среден напон применливи во различни индустриски и критични инфраструктури“, коментираа специјалистите од АББ.

 

Тимот на АББ во Раковски од 2021 година активно работи на програма за одржлив развој на компанијата. Првиот клучен чекор вклучува модернизација на конвенционалното осветлување со LED тела за заштеда на енергија и имплементацијата на системот ABB i-bus KNX за неговото интелигентно управување. Следната важна етапа опфаќа инсталирањето на ABB Ability™ Energy and Asset Manager, што овозможува оптимизација на енергетската ефикасност и предвидливо одржување.

 

 

За да се намали потрошувачката на енергија од инсталациите за греење, вентилација и климатизација и до 80% емисиите на CO2 од употребата на гас, фабриката инсталираше топлински пумпи и централизиран систем за управување и набљудување на системите за греење, вентилација и климатизација. Најновото дополнување на инфраструктурата на фабриката е системот за управување со згради ABB Cylon®.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: +359 2 807 5500

Е-mail: office@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: АББ Бугарија

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »