In Bulgarian In Albanian In Romanian In Serbian
Водата е главниот и најважен ресурс во целиот синџир на производството на безалкохолни пијалаци. Денес, оваа индустрија се соочува со голем број предизвици, вклучително и потребата од одржување на одржливи производствени процеси и испораки, почитување на прописите за отпадни води, усогласеност со стандардите за безбедност на храната, како и постепено намалување на јаглеродните емисии. Нудејќи широк спектар на современи пумпни решенија и услуги, Grundfos е во состојба да му помогне на секој производител да ја намали потрошувачката на вода и непланираните прекини во нивното производство, како и да ја зголеми нивната продуктивност. Сето ова гарантира заштеда на средства и подобрување на јаглеродниот отпечаток - без компромис со безбедноста и квалитетот.
Suntory Beverage & Food е производител на едни од најпознатите безалкохолни пијалаци во Обединетото Кралство, кој си ја постави амбициозната цел да ги намали своите јаглеродни емисии за 50% до 2030 година и да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година. Истовремено, во фабриките на компанијата се среќаваат се повеќе проблеми со застарените рачно управувани пумпни системи - постојани дефекти, нерамнотежа и намалена продуктивност. За решавање на овие предизвици, компанијата се обрати за помош до водечкиот светски производител на пумпи и пумпни системи, Grundfos.
Од тимот на Grundfos понуди замена за старата опрема со високоефикасни Е-пумпи со електронско управувувани и вградени фрекфентни регулатори на брзина, кои може да се регулираат спрема притисокот или температура, тие работат спрема потребата и само кога е потребно. Во дополнување кон дигиталното управување, сите пумпи се поврзани со услугите за далечинско управување на Grundfos iSOLUTIONS, обезбедувајќи уште една можност за заштеда на енергија и јаглеродни емисии, што придонесува за зголемување на целата продуктивност на системот.
За процесите на пречистување на вода, примарно ладење и дистрибуција на водата, Grundfos испорача исто така и групи од всисните NBE пумпи, E-пумпи со високоефикасни IE3 или IE5 мотори, во комбинација со MPC-E контролери и Grundfos Remote Management (базиран на интернет систем за далечински мониторинг, контрола и управување на пумпни системи). Целата опрема се поврзува во комплетен систем со помош на Grundfos iSOLUTIONS. Сите проекти за модернизација на опремата за пумпање му обезбедуваат на производителот на безалкохолни пијалаци заштеда на енергија помеѓу 40 и 60%.
Покрај зголемената ефикасност и можноста за далечински мониторинг, пумпите на Grundfos нудат и други технички предности - тие се помали по големина (полесни за одржување) и се потивки (не бараат носење на заштитна опрема).
Адреса: Sofia 1592, Sllatina District, 100 "East Tangenta" Rr.
Телефон: +359 2 492 2200
Е-пошта: bulgaria@grundfos.bg
Извор на фотографии: Grundfos, pixabay.com