In Albanian In Bulgarian
Megger Solar Test Kit им обезбедува на техничарите инструменти и функции потребни за безбедно и ефикасно инсталирање, пуштање во работа и одржување на фотонапонски низи од сите големини. „Монтерите имаат потреба од прецизни и лесни за употреба инструменти кога градат фотонапонски инсталации. Комплетот на инструменти на Megger е наменет да ги задоволи овие потреби и да им ги обезбеди на сопствениците и операторите на системи информациите што им се потребни за одржување на инсталацијата како и да ја заштити направената инвестиција“ , коментираа од Мегер Бугарија.
Дигитални ампер штипки DCM1500S
Најновиот инструмент во портфолиото на Megger, DCM1500S, се дигитални ампер штипки за мерење, наменет за употреба од монтери на фотонапонски системи
Детектор за осветленоста PVM210
PVM210 е рачен детектор кој им овозможува на корисниците брзо да ја измерат осветленоста или интензитетот на сончевата светлина што паѓа на соларната низа. Бидејќи количината на струја што фотонапонскиот модул може да ја произведе е директно пропорционална со сончевото зрачење што паѓа на низата, ова мерење е решавачко за утврдување на продуктивноста на фотонапонскиот систем.
Термичка камера Megger TC3231
Термичката камера им овозможува на корисниците брзо и безбедно да детектираат локации со невообичаена висока температура во PV модули, разводни кутии, комбинирани кутии и електрични приклучоци. TC3231 може да се користи за скенирање на фотонапонски модули кои покажуваат намалена продуктивност за да бидат откриени оштетени ќелии, кабли или диоди. Камерата се применува и за анализа на електричните врски во инвертори, комбинирани кутии и разводни табли за да се идентификуваат лошите врски и можни точки на дефект.
Тестер за отпорност на изолација MIT2500
MIT2500 е рачен тестер на отпор на изолација способен да врши тестови на прилагодлив напон од 50 V до 2500 V со опсег до 200 GΩ. Ова им дава можност на теренските техничари да вршат тестови за отпорност на изолација на сите излезни електрични кола на фотонапонски системи и инвертори во станбени, комерцијални и комунални системи. Исто така, уредот може да се користи според упатствата на ANSI за кола со номинален напон под 25 kV, што овозможува негова примена за големи инсталации.
Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35
Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514
Е-mail: alexander.georgiev@megger.com; megger.bg@megger.com; info.bg@megger
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger