In Bulgarian
Многу често во системите за автоматизација и контрола е неопходно да се следат голем број параметри, како што се историја на производствениот процес, температура, притисок, ниво, потрошувачка на материјали и друго. Ова подразбира употреба на специјализиран софтвер или т.н. SCADA (Supervisor Сontrol and Data Acquisition - супервизорска контрола и собирање на податоци) системи со чија помош се собираат податоци од мерни уреди, сензори, логички контролери, влезни и излезни сигнали за алармни пораки или настани. Меѓу фирмите што се докажале во практиката со градење на такви системи е инженерската компанија Мега Инженеринг ДОО.
„Имаме повеќе од дваесет години искуство во проектирањето, изработката и имплементирањето на системи и средства за автоматизација на технолошките процеси. Во овој период успеавме да реализираме голем број проекти што се поврзани со изградбата на SCADA системи во различни индустриски области“, раскажаа за BalkanEngineer.com од Мега Инженеринг.
Софтверот SCADA овозможува следење на индустриски процеси, собирање и архивирање на бази на податоци и подготвување на извештаи за серии. Со негова помош се следи пристигнувањето на влезни материјали и полупроизводи во системот. Исто така се регистрираат важни индикатори за процесот, како што се температура, притисок, влажност, потрошувачка и време.
„Гаранција за квалитетот и сигурноста на изградените од нас SCADA системи е употребата на производи од производители - лидери во областа на индустриската автоматизација, средствата и системите за контрола и управување на производствени процеси со кои сме партнери“,коментираа во заклучокот од Мега Инженеринг.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, град Хасково 6300, ул. „Јужна“ бр. 18, Јужна индустриска зона /во непосредна близина на Донидо/
Телефон: 00359 38/664 458; 00359 38/664 461; 00359 887 046 425
E-mail: secretar@megaeng.com
Извор на фото материјал: Мега Инженеринг ДОО, Итон