Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Либхер-Хаусгерете Марица бара нови пополнувања за нејзиниот тим во Бугарија

15 february 2019

In Bulgarian   In Serbian

 

Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ е бугарско друштво, дел од меѓународниот технолошки концерн Liebherr, што произведува широк спектар на професионални и куќна ладилна техника. Како лидер во својот сегмент, Либхер постојано се развива и покрај зголемување на производствениот капацитет, фирмата се стреми и кон сериозен развој. Во овој поглед, неодамна место во компанијата можат да најдат како традиционално најбараните специјалисти по машиноградба и градба на опрема, така и експерти во областа на информатичката технологија, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

 

Во производното портфолио на Либхер се вклучени професионални и куќни фрижидери, фризери, апарати за вградување, сандаци за замрзнување, ладилници за вино ладилници за сладолед, фрижидери и фризери за лаборатории, за лекови и др. Производствената компанија започна со работа во Бугарија во 2000 година и оттогаш продолжи да инвестира во своите производствени и логистички површини.

 

Важен дел од политиката на компанијата е развојот и надградбата на квалификациите на персоналот, кој во моментов се состои од над 1 900 лица.

 

 

„Особено важни за нас се новите пополнувања во нашиот тим. Секој млад специјалист се впушта во својата вистинска работна реализација со некаков страв и несигурност. До што, сепак, водат грешките во оваа фаза? За нас грешката не е нешто лошо. Напротив – тоа е начин да се стекне непроценливо искуство“, коментира г-дин Григор Ендрев, специјалист „Управување со човечките ресурси“ во Либхер-Хаусгерете Марица.

 

Liebherr поседува повеќе од 140 друштва ширум светот, вработувајќи повеќе од 44.000 соработници. Ако сте заинтересирани за професионална реализација во структурата на глобален производител од таков ранг, запознајте се со можностите што ги нуди Либхер:

 

 - Електроинженер кон оддел лабораторија Развојна активност;

 - Инженер Инсталации за климатизација;

 - Конструктор во оддел Конструкторски.

 

Адреса: 4202, Бугарија, Радиново, област Пловдив, индустриска зона Марица

Телефон: 00 359 32/615 414

Е-mail: lhm_jobs@liebherr.com

 

Повеќе информации за Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »