Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Комуникатор од вид CF800X на Унисист Инженеринг опслужува сигурно како домашни, така и индустриски мерачи на потрошувачка

01 october 2024

In Bulgarian  In Serbian In Albanian

 

Како докажан лидер во разработката на производи за управување, контрола и мониторинг во сферата на дистрибуцијата на гас, докажаната компанија Унисист Инженеринг нуди широк спектар на специјализирани уреди за собирање, обработка и пренос на податоци. Во зависност од мерното средство и потребите на гасната компанија, компанијата обезбедува различни конфигурации и решенија, од кои едно е комуникатор од вид CF800X.

 

 

„CF800 е уред за собирање податоци од уреди за корекција за волумен на гас кои го пресметуваат волуменот на гасот врз основа на утврдените параметри на температурата, притисокот и способноста за компримирање. Уредот може да опслужува како домашни, така и индустриски мерачи на потрошувачка и ефикасно да ги пренесува нивните податоци преку GSM или радио мрежа. Тој е достапен во две модификации: CF800-A и CF800-B“, информираа за BalkanEngineer.com од водечката производствена и трговска компанија.

 

Моделот CF800-A опслужува коректори со сериски излез. „Преку серискиот интерфејс, тотализаторите се примаат во дадено време (на секој час) и се пресметува количината за 1 час. Потрошувачките и тотализаторите можат да бидат од три вида– за некоригиран волумен, коригиран волумен и енергија“, објаснија специјалистите.

 

Уредот CF800-B е способен да работи со максимум четири уреди за корекција на гас или мерачи на потрошувачка. Уредот добива информација за потрошувачката од дискретниот излез на соодветните уреди. „Потрошувачката и тотализаторот се само еден вид – обично коригиран волумен. Тотализаторите на корективните уреди се внесуваат еднаш при конфигурирање на уредот. За секој корективен уред се предвидени два дополнителни влеза за заштита на податоците од манипулации - еден за исклучен сензор или прекинат кабел и еден за ставен магнет“, изјавија од Унисист Инженеринг.

 

Податоците се пренесуваат и внесуваат во информациониот систем со помош на GSM комуникациски модул. Преносот на податоци за периодични потрошувачки и тотализатори е еднаш дневно.

 

 

Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, ©Engineer BG via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »