Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Колаборативни роботи Elfin 3 успешно го заменуваат човекот во еднообразни задачи за манипулација

18 april 2019

In Bulgarian

 

Барањето на колаборативни роботи се зголеми исклучително брзо во последниве неколку години и повеќе компании, како етаблирани брендови, така и целосно новоформирани фирми почнуваат да нудат коботи. Докажаниот производител на индустриски роботи Han's Robot разработи серија колаборативни роботи Elfin, најмалиот претставник од кои е Elfin Е3 со носивост 3 килограми. Негови клучни карактеристики се компактните димензии, вградените функции за безбедност, лесното програмирање и брзото пуштање во работа“, коментираа за BalkanEngineer.com од канцеларијата на Индустриски роботи ДООЕЛ, ексклузивен застапник на кинеските коботи Elfin за Бугарија и Македонија.

 

 

За разлика од традиционалните индустриски роботи, колаборативните се проектирани да работат безбедно заедно со луѓето и затоа имаат друга техничка изведба. „Elfin E3 е целосно функционален колаборативен робот со 6 оски, проектиран за различни видови на активности како пакување, манипулирање, како и прецизна и сигурна обработка на детали. Коботот може да врши лесни (до 3 килограми) еднообразни рачни манипулации кои инаку би одзеле исклучително многу време. Тој може да се програмира да врши и серија на производствени операции“, коментира од Индустриски роботи. Тие можат да варираат од зглобување на мали детали до исклучително еднообразни активности како што се земање и поставување на детали од едно место на друго. Малиот работен дострел од 590 милиметри е погоден за послужување на машини и прилози во тесни простори, поврзани со палетизирање или редење.

 

При користењето на Elfin E3 не се потребни заштитни прегради и штитови, бидејќи тој e опремен со вградена сензорска технологија која автоматски го запира роботот при допир со неподвижен објект или со човек.

 

„Коботите Elfin можат да се инсталираат под било кој агол и на било кое место без да има потреба од некаква промена кај производствените линии. Нивното преместувањето бара исклучително кратко време, затоа се особено погодни за мали серии, индивидуално производство или пак за кратки производствени циклуси“, додадоа од Индустриски роботи.

 

Адреса: Бугариjа, Софија 1362, ул. „Трајан Танев“ 97

Телефон: +359 888 736 640

Е-mail: info@roboti.biz

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Индустриски роботи ДООЕЛ, Han’s Robot

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »