Директено 3D печатење во метал - главен акцент во учеството на СпејсКАД на MachTech & Innotech 2018

2018-05-173 мин.

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

На крајот на месец март, за осма година по ред, во Интер Експо Центар - Софија (Бугарија) се одржа меѓународниот саем MachTech & Innotech 2018. Меѓу учесниците беше и докажаниот снабдувач на софтверски решенија СпејсКАД. „Оваа година главен акцент во нашето учество беше адитивното производство - директно 3D печатење во метал“, раскажаа за BalkanEngineer.com од фирмата.

 

 

Адитивните производствените процеси преку 3D печатење се во основата на новите производствени технологии во условите на Индустрија 4.0. Директното печатење во метал (DMP) е револуционерна технологија за производство која го прави возможно производството на висококвалитетни комплексни метални детали, директно од 3D CAD моделот.

 

Машините за директно печатење во метал работат со високо прецизен ласер кој е насочен кон честичките метална прашина за последователна селективна изградба на тенки хоризонтални метални слоеви. Оваа технологија на модели го овозможува производството на метални детали со сложена геометрија, кои не можат да бидат произведени преку традиционалните технологии за обработка и леење. „Директното печатење во метал овозможува да се произведат мали, исклучително сложени форми без потреба од алатна опрема. Изработените детали се целосно функционални, погодни како за развојни проекти така и за мали серии“, изјавија од СпејсКАД. „Како резултат на тоа, добивате одлична прецизност и најквалитетната површина во индустријата“, категорични се од фирмата.

 

 

Деталите можат да бидат изработени брзо и со минимални загуби на материјал, што ја прави технологијата идеална за следната генерација инженеринг, насочен кон вселенската, медицинската, автомобилската и други индустрии. „Конформните канали за ладење имаат значително подобрена продуктивност и отпорност на топлински оптоварувања. Преку DMP можете да произведувате истовремено неколку идентични делови на една платформа, што значително ја зголемува продуктивноста. За да ја постигнете саканата од Вас геометрија, без отпад и дополнителни трошоци, доверете му се на директното 3D печатење во метал“, додадоа уште од софтверската компанија.

 

Контакти

Телефон: 02 9033999

E-mail: kdragneva@cadcam-bg.com

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg