Вештачката интелигенција во водната индустрија беше основен фокус на годишната индустриска конференција на Wilo
2025-10-203 мин.
На 3 септември 2025 година во Венеција, Италија, Wilo Group ја одржа својата годишна индустриска конференција под наслов „Вода - Обликување на иднината“(„Water – Shaping the Future“).Настанот собра докажани експерти од водниот сектор за да дискутираат за клучните предизвици и можните начини за реакција со цел за справување со овој сè посиромашен ресурс. Темите беа фокусирани главно на улогата на вештачката интелигенција во решавањето на водната криза и врз Сината зделка на Европската Унија, а конференцијата беше организирана во соработка со Европската водна асоцијација (EWA), информираа за BalkanEngineer.com од Wilo.

„Недостатокот на вода е европски проблем од долго време и Европската Унија накрај мора да се соочи со вистината. Ова значи да ја разгледува водната инфраструктура како исто толку критична како и одбранбената и енергетската инфраструктура“, коментира г-дин Оливер Хермес, претседател и глобален извршен директор на Wilo Group.
За време на конференцијата, извештаи на темата имаа претставници на раководството на Wilo, Пјетро Франческо Де Лото, член на Европскиот економски и социјален комитет, како и Томазо Гидини, раководител на оддел „Механика“ во Европската космичка агенција (ESA).
Панел дискусијата им дозволи на водечки претставници на водната индустрија - вклучително од Wilo, Siemens и Emerald Technology Ventures - да ги искажат своите мислења. „Она што го слушнавме јасно го илустрира фактот, дека револуцијата во областа на вештачката интелигенција нуди значајни можности во однос на предизвиците поврзани со недостигот на вода“, изјави Оливер Хермес. „Ние го активираме синџирот за создавање на вредност, базиран на вештачка интелигенција, имплементираме вештачка интелигенција во нашите производи, системи и решенија и интегрираме вештачка интелигенција во нашата секојдневна работа, без да ја изгубиме од вид вредноста на луѓето“, додаде тој.
.jpg?1760960207590)
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Телефон: 00359 2 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: 00389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Вило Бугарија, Wilo
