In Bulgarian
Еден од трендовите на нашата современост е недостатокот на чиста вода, во комбинација со сè потешкото третирање на отпадната вода. Ова се должи на зголемената содржина на цврсти честички и постојано зголемување на барањата за енергетска ефикасност на опремата. Пионер во пумпните решенија, Wilo нуди свое современо решение за интелигентна пумпна станица во одговор на овие предизвици, при што ја комбинира новата канализациска пумпа Wilo-Rexa SOLID-Q со „паметниот“ систем за управување Nexos Intelligence. Повеќе за иновативното решение BalkanEngineer.com дозна од македонската подружница на меѓународната компанија Wilo Претставништво Скопје.
Интелигентниот пумпен систем „master/slave“
Пумпните системи што ги користи на Nexos Intelligence можат да одговорат на локално менливите работните услови без да има потреба од интервенција на оператор. Добар пример за ова е системот т.н. „master/slave“, кој се состои од максимум 4 пумпи Wilo-Rexa SOLID-Q. „Со овој концепт една од пумпите се означува како водечка (master). Таа ја управува и регулира работата на сите останати“, објаснија од Wilo Претставништво Скопје и додадоа: „Истовремено секоја од подредените пумпи (slave) е опремена со потребната електроника, за да може да ја преземе водечката функција, ако е потребно“.
Wilo-Rexa SOLID-Q нуди енергетска ефикасност и заштита од затнување
Предностите на решението вклучуваат зголемена енергетска ефикасност, како и паметна заштита од затнување. Еве како се гарантирани тие:
- Управувањето автономно ја избира најефикасната брзина на пумпата во определено време, со што значително се намалува енергијата што се користи за надминување на загубите;
- Знаците за претстојно блокирање на пропелерот пак се следат преку неколку алгоритами кои можат автоматски да ги иницираат потребните циклуси на чистење на пумпата;
- Високо ефикасниот мотор IE5 со технологија со постојани магнети постигнува висока енергетска ефикасност во многу поширок опсег на оптоварување отколку кај асинхроната технологија, што резултира со оптимизација на трошоците за енергија дури и при делумно оптоварување;
- Новата хидраулика SOLID-Q е слична на докажаните работни тркала SOLID-G, но двете сечила обезбедуваат поголема ефикасност и помал степен на вибрации.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Телефон: +389 02 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Wilo Претставништво Скопје, Македонија, Wilo