In Bulgarian
Ископувачките работи често предизвикуваат сериозни и непредвидливи проблеми за време на градежниот процес. Една од причините е во тоа што потопните пумпи за дренажа се подложни на огромни оптоварувања, предизвикани главно од абразивната средина во која работат, при дренирање на ископи и градилишта. Wilo нуди сигурно и ефикасно решение, специјално разработено за вакви случаи. „Моделот на пумпа Wilo-Padus PRO е конструиран така што да одолее на неповолните услови и истовремено да ја обезбеди потребната дренажа“, изјавија за BalkanEngineer.com од Wilo Претставништво Скопје.
Изложени на тешки услови за работа, дренажните пумпи кои се користат при ископување ја намалуваат нивната продуктивност со текот на времето и ја зголемуваат потрошувачката на електрична енергија. Лошото сценарио значи лошо дрениран ископ, забавување или дури и запирање на градежните работи. „Сигурно решение во оваа насока ќе донесе спокојство, сигурност и безбедност на градители и проектанти. За таа цел Wilo создаде Padus PRO, чии поединечни компоненти обезбедуваат општо системско решение на проблемот“, подвлекоа од бугарската компанија.
Еве и на што се темели успехот на моделот:
- Моќен IE3 мотор;
- Стабилна конструкција;
- Хидраулика покриена со гума;
- Работно тркало покриено со двојно хромиран челик;
- Активно ладење.
Wilo-Padus PRO може да се инсталира хоризонтално и вертикално, со што пумпата може да се применува речиси насекаде.
Главниот проблем со потопните пумпи во овие случаи е брзото абење на елементите, предизвикано од навлегувањето во нив на песок и камења. Сепак, конструкцијата на Padus PRO е проектирана да се справи со оваа задача.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Телефон: +389 02 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Wilo Претставништво Скопје, Македонија, Wilo