Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

STAMH: Оптимизиравме една од главните магацински бази на водечкиот европски бренд за second hand и outlet мода REMIX GLOBAL

27 june 2023

In Bulgarian

 

Фазното имплементирање на магацински системи од страна на специјалистите на меѓународната инженеринг компанија STAMH ја претвора магацинската база на REMIX во ефикасен, исклучително флексибилен и модерен објект, опремен за да може да се справи со врвните моменти и оптоварувањата поврзани со активноста на компанијата eCommerce. „REMIX е познат бренд за облека што и припаѓа на компанијата Ремикс Глобал. Нејзината активност е насочена во сферата на онлајн трговијата со second hand и outlet мода. Современиот, уникатен бизнис модел на компанијата го претвора REMIX во еден од водечките брендови во Европа“, раскажаа од STAMH. „Огромниот прилив на нарачки и испораки бара како бескомпромисна логистика, така и магацински простор со доволен капацитет, одлична организација и можност за паралелна надградба со развојот на бизнисот на REMIX“, објаснија од компанијата.

 

 

REMIX е целосно дигитална платформа за онлајн трговија со second-hand облека и аутлет мода. Преку платформата на REMIX, корисниците не само што можат да најдат, зачуваат и купат одредена стока, туку и да ги продаваат своите модни артикли кои се во добра состојба, но веќе не одговараат на нивниот вкус, а само зафаќаат простор во нивните гардероби.

Активноста на компанијата е динамична, поврзана е со бројни нарачки и испораки, како и со секојдневно ажурирање на магацинските залихи. Новата магацинска база на REMIX во близина на Софија е пример за перспективна инвестиција - „срцето“ на добро функционален логистички синџир.

 

„Типот на магацински решенија што ги интегрираме овозможува изработка на индивидуални проекти, прилагодени на спецификите на обработуваната стока и магацинскиот простор. Исто така, овозможува надградба на системот во подоцнежна фаза“, објаснија од STAMH.

 

Во согласност со развојот на бизнисот на REMIX, STAMH Group ги проектираше и ги изгради конструкцииѕе на сталажите во две различни фази, соодветно во 2021 и 2022 година. Новиот систем ефикасно ги комбинира предностите на сталажите од тип Меzzanine и Gangway со стабилноста и издржливоста на конвенционалните магацински системи.

 

 

Еве ги карактеристичните особини на секој тип на имплементираните системи на сталажи:

 

-Конвенционални системи на сталажи;

-Специјални сталажи од тип Mezzanine (Mezzanine System);

-Системи од сталажи од тип Gangway;

 

Доколку барате оптимално решение за организацијата, модернизацијата или автоматизацијата на вашиот магацин, не двоумете се да контактирате со експертите од STAMH.

 

Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија

Телефон: +359 88 922 3117 

Е-mail: office@stamh.com 

  

Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: STAMH (СТАМ)

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »