SpaceCAD: „Сите функции што сте ги побарале. Целата вредност што ви треба!“- Solid Edge 2021 веќе е тука
2020-07-293 мин.
In Bugarian In Romanian In Serbian
Бугарската компанија SpaceCAD, која испорачува првокласни решенија CAD/CAM/CAE и инженерски услуги за проектирање и изработки на производи во различни индустриски сектори, објави за BalkanEngineer.com дека на 15 јуни 2020 година Сименс Siemens Digital Industries Software анонсира Solid Edge 2021. Новата верзија на технолошкиот софтвер е со наслов „Сите функции што сте ги побарале. Целата вредност што ви треба!“. SpaceCAD е официјален партнер и претставник на производите и услугите на Siemens Digital Industries за Бугарија. Погледнете што друго раскажаа специјалистите на компанијата за новата верзија на софтверот.
.png)
„Најновата верзија на Solid Edge обезбедува технологија од следна генерација која ги решава најтешките предизвици при развојот на нови производи денес. Дел од нив се дизајн со брзина на креативната мисла, нова средина за моделирање во слободни форми наречена Subdivision Modeling, молскавично брзо реверзибилно инженерство, нов адаптивен интерфејс за нови корисници, придвижуван од вештачка интелигенција, паметен пребарувач за 3D модели - 3D Find.it и сето ова за да ги развивате Вашите идеи побрзо и полесно од кога било“, раскажаа од SpaceCAD.

„Solid Edge 2021 ја обезбедува брзината што ви е потребна за да го извлечете максимумот од целиот Ваш инженерски процес - ја зголемувате Вашата продуктивност додека истовремено ги намалувате трошоците“, додадоа од докажаната бугарска компанија.
Со фокус на подобрувањата на употребливост, корисниците ќе доживеат зголемување на продуктивноста со Solid Edge 3D CAD и Solid Edge CAM Pro, како и забрзување на CNC програмирањето со база на податоци за пост-процесори.
Контакти:
Телефон: +359 2 9033999
E-mail: plamena@cadcam-bg.com
Извор на фото материјал: SpaceCAD
