SpaceCAD: Производство на опрема за CNC машини и дизајнерски компоненти со 3D печатење во метал

2020-07-063 мин.

In Bulgarian   In Romanian

 

Директното 3D печатење во метал е меѓу најмодерните трендови во брзорастечката индустрија за адитиви а докажаната бугарска фирма SpaceCAD е меѓу пионерите кај нас во оваа област. Компанијата работи заедно со голем број производствени компании, нудејќи им работни решенија кои го намалуваат времето за производство на готови производи за неколку недели. Што уште му раскажаа за нивните проекти од SpaceCAD на Balkanengineer.com, видете во следните редови.

 

3D печатење во метал за производство на технолошка опрема за CNC машини

 

„ЈуМТ ДООЕЛ, производител на стандардни и специјални монолитни алатки од тврди легури, изработи технолошка опрема за своите координатни машини со 5-оски за шлајфување со директно 3D печатење во метал за да го намали нивното време на престој“, раскажаа од SpaceCAD. „Така, компанијата го скрати циклусот „нарачка - испорака“ на технолошка опрема од 3 месеци на 3 недели, како и транспортните трошоци, достапноста на резервни делови во залиха и гарантира континуирано и истовремено работење на своите CNC машини“, додадоа од бугарската компанија.

 

3D печатење во метал и дизајнерски компоненти

 

На позадината на оваа приказна, 3D печатењето во метал и железничко моделирање звучат различно, но всушност тоа е една од многуте примени на технологијата. Железничкото моделирање е хоби во кое системи за железнички сообраќај се пресоздаваат во смалени копии со различен сооднос.

 

„Заедно со железничкиот моделар Красимир Гогов, реализиравме неколку негови проекти на локомотиви, за кои е важно максимално прецизно и мошне детално пресоздавање на вистинските модели“, објаснија од SpaceCAD.

 

3D печатење во метал: слобода на дизајнот и консолидација на компоненти

 

Овие и голем број други предности го испровоцираа главниот конструктор на Мехатроника АД да преиспита неколку од деталите во уникатната технолошка опрема произведувана од компанијата и да ги проектира на нов начин за нивното производство со 3D печатење во метал. Специјалистот ги консолидира компонентите и го намалува нивниот број од три на еден и истовремено ја подобрува функционалноста на детаљот - волуменска млазница за прецизна распределба на вруќ воздух за брзо лемење. Работната температура на млазницата е над 430 °С.

 

Контакти:

Телефон: +359 2 9033999

E-mail: plamena@cadcam-bg.com

 

 

 

Извор на фото материјал: SpaceCAD