Rochester Electronics: Зошто набавката на уреди со полупроводници е важно да биде од овластен извор
2025-10-013 мин.
Промени јазик: Bulgaria
При набавката на полупроводници излезени од употреба (EOL) или застарени ,транспарентноста е од решавачко значење. А специјалистите од Rochester Electronics јасно изјавуваат „Ние не сме посредник!“ Компанијата е 100% овластен извор за EOL, застарени и активни полупроводнички решенија, директно поддржани од оригиналните производители на компоненти (OCM).

„Според податоци, во 2024 година до 32% од глобалните приходи од продажбите на полупроводнички компоненти се реализирани преку овластени дистрибутери врз основа на продажба во целиот свет а останатиот дел е генериран преку неовластени канали познати како „сив пазар“. Тие вклучуваат независни посредници, дистрибутери и дилери кои работат без официјални договори со OCM производителите. Нивниот инвентар често е претставен со вишок на залихи, застарени компоненти или фалсификувани уреди“, соопштија за BalkanEngineer.com од Rochester Electronics.
Што ја прави фирма Rochester Electronics различна?
„Rochester Electronics е овластен добавувач и лиценциран производител на полупроводнички компоненти, целосно во согласност со стандардот SAE AS6496. Нашите производи доаѓаат директно од OCM,производителот, со целосна следливост и без потреба од дополнително тестирање од трети страни“, нагласи ја од компанијата.
Ова значи:
- 100% автентичност и сигурност;
- Гаранција и поддршка од производителот;
- Усогласеност со индустриските стандарди и сертификати;
- Безбеден и целосно следлив синџир на снабдување.
Rochester одржува над 15 милијарди уреди на залиха со повеќе од 200.000 каталошки броеви, вклучително над 10 милијарди EOL компоненти, испорачани директно од оригиналниот производител.
„Нашите производствени можности под лиценца од оригиналните производители ни овозможуваат да произведуваме застарени и излезени од употреба уреди, користејќи ги оригиналните матрици, ноу-хау процеси и протоколи за тестирање, гарантирајќи 100% усогласеност со првобитните спецификации“, категорични се од фирмата.

Телефон: +48 22 307 66 11
Е-пошта: plsales@rocelec.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Rochester Electronics
