In Albanian In Bulgarian In Serbian
Новиот уред за мерење FCC3450 3000 A на Megger претставува флексибилни инструменти за мерење на струја со Bluetooth® поврзување наменети за мерење на AC/DC напон, фреквенција, континуитет и отпор на колото, како и на АС струја до 3000 A. Уредите FCC3450 на Megger со Bluetooth се базираат на принципот на мерење на намотки на Rogowski и можат да регистрираат реално rms напон до 1000 V AC/DC. Тие се нудат со вграден дисплеј со резолуција од 10.000 единични импулси. Дополнително, FCC3450 мери и отпор, континуитет, фреквенција и нуди можност за брза проверка. Уредите имаат категорија на безбедност CAT IV 600 V и CAT III 1000 V AC/DC.
Користејќи Bluetooth конекција, FCC3450 може да се поврзе со бесплатната апликација Megger Link™, која овозможува далечинско известување на покажаните резултати во реално време или да се снимаат мерењата директно на паметен уред за складирање или создавање на извештаи. Апликацијата е компатибилна со iOS и Android и овозможува известување на податоци за регистрирање на трендови и создавање на графикони што може да се споделат со целиот тим или за извршување на побрза дијагностика и пронаоѓање на грешки.
Благодарение на должината и флексибилноста на намотките, мерењата може да се направат врз големи спроводници или на оние кои се недостапни за мерење со мерни инструменти со цврста глава. Намотките на Rogowski нудат флексибилност бидејќи не се потпираат на цврст железен дел, што ги прави лесни за опфаќање на поголеми спроводници. Тие се исто така погодни за мерење во тесни затворени простори. Оваа флексибилност е клучна предност на FCC3450.
Технички специфики на FCC3450:
- Мерење на АС струја до 3000 А. Инструментот за мерење на наизменична струја го користи принципот на Rogowski, кој му овозможува на FCC3450 да мери струи до 3000 А;
- Можност за мерење на AC/DC напон до 1000 V. Целосно автоматско мерење на АС струја, AC/DC напон, отпор и фреквенција;
- Безбедно регистрирање на податоци на паметни уреди во режим во реално време преку Bluetooth;
- Инструментот FCC3450 е компатибилен со бесплатната апликација Megger Link. Ова овозможува собирање податоци за трендови и графикони;
- Категорија CAT IV 600 V/CAT III за номинален напон до 1000 V. Уредот е проектиран да издржи транзитни процеси од 8,1 kV според стандардот за безбедност IEC-61010;
- Усогласеност со IEC EN 61326-1;
- Максимална големина на спроводникот: 150 mm;
- Мерење на континуитет и фреквенција;
- Задржување податоците во сите дијапазони;
- LED индикатор за исцрпена батерија;
- Уредот се испорачува со заштитна футрола за носење.
Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35
Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514
Е-mail: alexander.georgiev@megger.com; megger.bg@megger.com; info.bg@megger
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger