Liebherr-Hausgeräte ги најавува своите иновации. Станете дел од мотивираниот тим на компанијата

2021-11-193 мин.

In Bulgarian  In Serbian

 

Одделот за апарати за домаќинство на Liebherr – Liebherr-Hausgeräte, уште еднаш ги возбуди своите клиенти со иновативни решенија. Ова се случи од 18 до 23 септември оваа година во саемскиот салон Architekturwerkstatt 2021 година во германскиот град Лене. На површина од над 300 метри квадратни беа презентирани иновативните производи на одделот за 2022 година. Детали за учеството на Liebherr-Hausgeräte дознавме од тимот на бугарската производствена компанија Либхер-Хаусгерете Марица.

 

Liebherr-Hausgeräte залага на своите нови фрижидери и замрзнувачи со исклучителен дизајн и иновативна технологија за заштеда на ресурси која гарантира свежина на производите.

 

 

Што има ново во интегрираните апарати на Liebherr?

 

На саемот беа прикажани новите дополнувања на целосно интегрираните апарати, чие деби на пазарот беше во почетокот на 2021 година. Иновациите го покриваат целиот спектар на потреби на современите клиенти и се во склад со екологијата.

 

„Меѓу нив е фрижидерот BioFresh со најдобра класа за енергетска ефикасност А и патентираната технологија на Liebherr – BioFresh. Одлични услови за долгорочна свежина на овошјето и зеленчукот се обезбедени со имплементираните решенија за контрола на температурата и влажноста. Иновација е фиоката BioFresh Professional Fish & Seafood, која е идеална за чување риба и морска храна на температура од -2 °С. Фиоката или дел од неа може да се штелува на 0 °C со цел конзервирање на месо и млечни производи“, коментираа од Либхер-Хаусгерете Марица.

 

 

Придонес во производството на апарати за домаќинство на Liebherr има и бугарската компанија на одделот. Повеќе од 20 години, Либхер-Хаусгерете Марица го усовршува своето производство преку модернизирање на опремата и обуки на вработените, станувајќи еден од најголемите работодавачи во областа Пловдив.

 

Адреса: 4202, Бугарија, Радиново, област Пловдив, индустриска зона Марица

Телефон: 00359 32 615 414

Е-mail: lhm_jobs@liebherr.com

 

Повеќе информации за Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Либхер-Хаусгерете Марица, Liebherr