Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

FANUC демонстрираше рентабилни решенија за леење под притисок на меѓународниот саем K 2022 во Германија

29 november 2022

In Bulgarian

 

Производителите на пластични производи кои целосно ја избираат електричната технологија за леење под притисок на FANUC можат да бидат сигурни дека нивната инвестиција ќе донесе како финансиски дивиденди, така и дивиденди на еколошки план. Оваа технологија користи развојна платформа која е ориентирана кон создавање одржливи и сигурни машини со исклучително конкурентна вкупна цена на купување (TCO). „FANUC учествуваше на саемот K 2022, кој се одржа од 19 до 26 октомври во Диселдорф, Германија. Таму посетителите можеа да ги видат достигнувањата на FANUC како давател на решенија за одржливо производство на пластични производи“, информираа од FANUC Бугарија.

 

 

Машината за вбризгување од најнова генерација ROBOSHOT Alpha SiB на FANUC не само што импресионира со ниската потрошувачка на енергија, туку има и компактни вкупни димензии, со што се заштедува производствен простор. Употребата на иновативна серво технологија и интелигентен систем за обновување ја намалува потрошувачката на електрична енергија на машините ROBOSHOT до 70% во споредба со хидрауличните модели. „Посетителите на К 2022 можеа да ја видат потрошувачката на енергија на секоја демонстративна ќелија на FANUC“, објаснија од ФАНУК Бугарија.

 

Целосно електрична технологија

 

FANUC го започна своето „зелено“ патување пред повеќе од 35 години со својата прва целосно електрична машина за вбризгување ROBOSHOT. „Покрај подобрите еколошки карактеристики, електричната технологија е многу почиста од хидрауличната технологија, што го прави ова прогресивно решение особено важно за сектори како што е производството на медицинска опрема, каде што отсуството на честички и испарувања е од примарна важност во чистите простории“, додадоа бугарските специјалисти.

 

Докажан долг работен век

 

Што се однесува до сигурноста на технологијата FANUC, MTBF (забелешка на уредникот -просечното време помеѓу дефектите) на CNC системите на компанијата е повеќе од 30 години, а за роботите - повеќе од 20 години.

Одржливо, сигурно и исплатливо производство

 

Претворајќи ја целата теорија во реалност, FANUC на K 2022 прикажа четири автоматизирани производствени ќелии.

 

Изведба за чисти простории

 

Посетителите од сферата на медицинската технологија имаа можност да ја разгледаат демонстративната ќелија на FANUC, која вклучува машина за вбризгување ROBOSHOT S150iB (150 t) со матрица TIM со 8 шуплини за полипропиленски шприцеви од 20 ml. Индустрискиот робот FANUC M20iB/25C со 6 оски со Gimatic грипер обезбедува автоматизација на процесот. Системот вклучува интегрирани уреди за темперирање Regloplas со VNC технологија и интегрирана функција за серво погон на FANUC за одвртување на матрицата. Системот за машинско набљудување FANUC iRVision от видот  Plug & play проверува за правилно отстранување на деталите. Овој стандарден медицински пакет, кој е оптимизиран за употреба во чисти простории, исто така го демонстрираше проточниот ламинарен блок PETEK за употреба во чисти простории од класа 8. Дополнителните додатоци вклучуваат затегнувачки плочи без чаури за зголемена чистота во зоната на матрицата (помала потреба од подмачкување) одобрена за користење од FDA маст, сјајна завршница за лесно чистење и линеарни водилки отпорни на 'рѓа.

 

 

Биоразградливи материјали

 

Вбризгување на течна силиконска гума LSR

 

Важните специфики на системот вклучуваат: пластификатор FANUC LSR; интегрирана вакуум пумпа; грејна ивица и управување на матрицата; стандарден усовршен софтверски пакет за LSR обликување како и LSR опрема за дозирање од ACH Hefner.

 

Агол на IoT

 

Штандот на FANUC вклучуваше и области каде што посетителите можеа да ги видат обемните IoT можности што ги нуди FANUC, вклучувајќи ја и можноста за поврзување на машини на FANUC со помош на EUROMAP 77/OPC40077 (забелешка на уредникот - интерфејс базиран на меѓународно одобрениот OPC UA стандард).

Друг акцент на настанот на K 2022 беше поврзувањето на машина FANUC ROBOSHOT со штандот на UMATI.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: 00359 2 49 29 369

E-mail: info.bg@fanuc.eu 

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »