In Bulgarian In Romanian In Serbian
Како би можеле видливо да ја зголемите продуктивноста и безбедноста при 3D печатењето? Со Ultimaker S5 Pro Bundle – коментираат од фирма B2N. „3D печатачот на производителот Ultimaker е уникатно производствено решение кое наоѓа одговор на предизвиците на 3D печатењето со користење на проширен спектар на материјали. На овој начин на инженерите и дизајнерите им се дава поголема слобода да се фокусираат на својата работа“, појаснија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија, која е официјален партнер на холандскиот производител за Бугарија.
Ultimaker S5 Pro Bundle е конфигурација од три уреди кои се интегрирани за да можат непречено да ги надминат заедничките предизвици поврзани со обработката и складирањето на FFF (Fused Filament Fabrication) материјали. Ultimaker S5 Pro Bundle располага со:
- Ultimaker S5 – десктоп 3D печатач со голем работен волумен кој репродуцира индустриски детали со голема прецизност;
- Станица за материјали со 6 ќелии за ролни и контролер што автоматски се префрла помеѓу материјалите;
- Air Manager – покривно куќиште со адаптивен кон материјалот ЕРА-филтер.
Проектиран и тестиран како автоматска машина за испорака на материјали, уредот е опремен со 6 ќелии за ролни, кои даваат огромен капацитет за поголеми детали, поголем број на мали серии или поголема флексибилност при штелувањето, што значи повеќе време за работа и помалку рачни операции. Секоја ќелија има NFC и е компатибилна со сите Ultimaker влакна (освен 350 грамски), како и со сите материјали од други водечки брендови со претходно дадени штелувања на Ultimaker Cura Marketplace, вклучително стаклени или материјали засилени со јаглерод.
„3D печатачот се грижи за секоја замена на ролната пред, потоа, па дури и за време на задача за печатење, за да не мора да се прави со човечка рака. Дури ги намалува трошоците за потрошни материјали, така што може да започне со печатење со користена ролна, без да се грижите дали таа ќе биде заменета во вистинското време“, додадоа во заклучок од B2N.
Адреса: 1700 Софија, Бугарија, бул. „Д-р Г. М. Димитров“ 95
E-mail: info@b2n.bg
Телефон: 00 359 886 008 008
Адреса: 4010 Пловдив, Бугарија, бул. „Асеновградско шосе“ 11
E-mail: plovdiv3d@b2n.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: B2N, Ultimaker