Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

B2N: Веќе можете да се регистрирате за второто издание на Балканската конференција Additive Days

10 september 2019

In Bulgarian   In Serbian

 

Регистрацијата за второто издание на балканската конференција за 3D печатење Additive Days веќе е активна! Настанот ќе се одржи помеѓу 4 и 6 октомври оваа година. во Sofia Tech Park (Софија, Бугарија) и има за цел да ги побие замислите „научно-фантастичните“ карактеристики на 3D технологијата, кои често и се припишуваат. „Во последниве години слушнавме многу приказни за тоа како 3D печатењето го менува светот. Се уште постои недостаток на знаење за тоа како да ги искористиме овие можности“, коментираа за BalkanEngineer.com од компанијата-организатор на настанот B2N.

 

 

Дали 3D технологиите сè уште се толку возбудлива тема, или одамна се претворија во „Приказни од 1001 ноќ“? Дали приказните за 3D печатени куќи и срца продолжуваат да звучат како научна фантастика? Да си отпечатиш нешто и тоа да е само со притискање на едно копче, дефинитивно звучи возбудливо, но и мошне неверојатно, нели? 3D печатењето има вистински корисни намени и можеби е време да започнеме со нив, но дали не е мошне рано да зборуваме за придобивките за обичниот потрошувач? Вакви прашања се поставуваат пред организаторите на Additive Days.

 

 

Доколку и вие со интерес ја следите 3D технологијата, не заборавајте да го побарате вашиот бесплатен пристап од ТУКА.

 

Делот на предавања на конференцијата ќе се одржи на 4 и 5 октомври и ќе настапат предавачи од целиот свет. Изложбата ќе продолжи и на 6 октомври годинава.

 

 

„Оваа технологија ни овозможува да го произведеме само она што ни треба, но и уште поважно е: каде ни е потребно и кога ни е потребно“, споделува г-дин Бојан Пехливанов, извршен директор на B2N, компанијата-организатор на настанот.

 

Детални информации за програмата и предавачите на настанот очекувајте наскоро, и до тогаш следете ја веб-страницата и Фејсбук страницата на настанот.

 

Регистрацијата е бесплатна, но задолжителна.

 

Адреса: 1700 Софија, Бугарија, бул. „Д-р Г. М. Димитров“ 95

E-mail: info@b2n.bg

Телефон: 00 359 886 008 008

 

Адреса: 4010 Пловдив, Бугарија, бул. „Асеновградско шосе“ 11

E-mail: plovdiv3d@b2n.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: B2N, Additive Days

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »