In Bulgarian In Romanian In Serbian
Се прашувате какви се перспективите за 3D печатење и кое ќе биде местото на оваа технологија во нашите животи? Дали сакате да знаете како тоа може да го промени вашиот бизнис и да ги оптимизира вашите производствени процеси? Тогаш дојдете во „Additive Days 2019: Beyond the Hype“. „Од 4 до 6 октомври 2019 година Софија Тех Парк (Софија, Бугарија) ќе биде домаќин на второто издание на конференцијата. Добре дојдовте, за да дознаете повеќе за технологиите на иднината“, поканија организаторите на настанот од B2N.
Additive Days е настан посветен на адитивно производство кој има за цел размена на знаења како и објаснување на местото на 3D печатење во најразлични професионални области, вклучително архитектура, инженеринг, економија, образование, мода, наука и други. Балканската конференција е одлично место за формирање на нови контакти и заеднички потфати, а нејзин иницијатор е бугарската компанија B2N – официјален застапник на компании од различни земји во областа на адитивното производство.
За време на првото издание на Additive Days во 2018 година 34 предавачи – специјалисти од Бугарија и од странство го споделија своето искуство и знаење со јавноста за можностите за интегрирање на технологиите за 3D печатење во нашите животи.
И оваа година организаторите ветуваат возбудливи и привлечни иницијативи, посветени на иднината и перспективите во примената на технологиите за 3D печатење. Настанот е со бесплатен влез, но потребна е претходна регистрација, која може да се направи од 19.август 2019 година.
Сосема наскоро ќе биде објавена програмата за претстојното издание на конференцијата. Дотогаш, детални информации и новости за „Additive Days 2019: Beyond the Hype“можат да се најдат на веб-страницата на настанот и на страницата на „Фејсбук“.
Адреса: 1700 Софија, Бугарија, бул. „Д-р Г. М. Димитров“ 95
E-mail: info@b2n.bg
Телефон: 00 359 886 008 008
Адреса: 4010 Пловдив, Бугарија, бул. „Асеновградско шосе“ 11
E-mail: plovdiv3d@b2n.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Additive Days, B2N