Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Т и Д Инженеринг е доверлив партнер на друштвата за дистрибуција на електрична енергија во Бугарија

15 march 2019

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Т и Д Инженеринг ДООEЛ е бугарско друштво докажано во инженеринг активностите во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката. Различни активности и богато портфолио на успешно изведени проекти се наоѓаат во длабоките темели врз кои компанијата продолжува и денес да ја оправдува довербата на своите клиенти. „Работевме со голем број инвеститори и нарачувачи во бугарската енергетика, инфраструктура и индустрија. Со години сме партнер и системски интегратор на глобално докажаните имиња ABB, General Electric, Siemens, Schneider Electric“, изјавија за BalkanEngineer.com од Т и Д Инженеринг.

 

 

Бугарската инженеринг компанија го потврдува својот квалитет на работа со сертификати за квалитет и безбедност а исто така има регистрација во Комората на градежниците во Бугарија за изведба на градби од трета група, а имено: Енергетска инфраструктура од прва до трета категорија. Т и Д Инженеринг има и сертификати издадени од Државната агенција за метрологија и технички надзор за одржување, поправка и реконструкција на опрема за подигнување.

 

„Еден од нашите долгогодишни клиенти е Електродистрибуција Север АД. Нашата заедничка работа датира од 2007 година, при што оттогаш вршиме снабдување, пуштање во употреба и гарантно одржување на SCADA системот за друштвото. Од 2011 година имаме рамковен договор за проектирање, рехабилитација и пуштање во употреба на теле-механички систем во трафостаници и клучни станици“, раскажаа од Т и Д Инженеринг.

 

 

Друг енергетски оператор, кој верува во услугите и професионализмот на ТиД Инженеринг е ЧЕЗ Дистрибуција.

 

„Главната задача на нашиот висококвалификуван тим е да им понуди на клиентите производ кој ги исполнува нивните индивидуални барања, а во исто време да биде целосно во согласност со меѓународните стандарди и норми со прифатлива цена“, коментираа од Т и Д Инженеринг.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, град Варна 9010, ул. „Перуника“ 46

Телефон: 00 359 52/312 100

Тел./Факс: 00 359 52/312 658

E-mail: office@tid-engineering.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: ТиД Инженеринг ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 june 2019Вени и Ко од MachTech & InnoTech: Разработуваме високопродуктивни магацински машини повеќе од 25 години

    Следното издание на меѓународниот технички форум MachTech & InnoTech е веќе во историјата. Голем број етаблирани компании ги презентираа своите најнови иновации и решенија во помош на индустријата, а веќе петта година по ред меѓу нив беше и бугарската компанија Вени и Ко ДОО. Значи, ако опремата за подигнување на товари е алка од синџирот и на вашата активност, но не сте биле во можност да го посетите нивниот штанд за време на MachTech, денес ќе ви раскажеме, кои беа главните акценти на нивната презентација.

  • 17 june 2019Индустриски Роботи го претстави коботот Elfin5 пред експертскиот аудиториум на MachTech & InnoTech 2019

    Деби за Индустриски Роботи ДООЕЛ на MachTech & InnoTech во 2019 година! За време на своето прво учество на големиот технички форум докажаната бугарска компанија специјализирана во обезбедување на роботизирани решенија го претстави Elfin5, дел од палетата колаборативни роботи на кинескиот производител Han's Robots. „Целта ни е да запознаеме специјалисти од различни сектори на производството со можностите на колаборативите роботи Elfin“, коментира инж. Николај Георгиев.

  • 13 june 2019Хибриден автономен фотоволтаичен систем од Филкаб Солар напојува винарски имот

    Филкаб Солар е докажана бугарска компанија специјализирана за обезбедување на комплетни технички решенија од областа на обновливите извори на енергија и дел од групацијата Филкаб. „Нашите специјалисти имаат големо искуство во инсталирањето на фотоволтаични системи, а уште еден пример за тоа е изградбата на хибриден автономен систем со максимална моќност од 29.9 kWp за напојување на винарски имот во село Горица, општина Поморие, Бугарија“, споделија пред BalkanEngineer.com од МаккаБ ДООЕЛ.

  • 12 june 2019КМТ Сервис: Првиот неинвазивен ултразвучен мерач на проток за криогенски флуиди на Flexim работи до -190 °С

    Што го прави светот на технологијата толку возбудлив? Според наше мислење, тоа е бесконечната можност за откривање на нови и нови факти, начини, процеси. На истото мислење се и специјалистите од КМТ Сервис ДООЕЛ. „Усовршувањето на техниката и се поиновативните технолошки решенија се меѓу причините за прогрес и развој. Затоа сме горди да објавиме дека меѓу производите на нашиот партнер Flexim е првиот неинвазивна ултразвучен мерач на проток за криогенски флуиди Fluxus cryo“, соопштија од КМТ Сервис.

  • 11 june 2019Мелексис Бугарија вклучи во својот тим млад инженер од Србија

    Инженер од Србија веќе е дел од тимот на Мелексис Бугарија ДООЕЛ – најголемото производствено друштво во структурата на светскиот лидер во развојот и производството на микроелектронски компоненти за индустријата и автомобилската индустрија Melexis. Младата дама е вработена во друштвото според програмата Fresh graduate (Програма за неодамна дипломирани студенти), соопштија од Мелексис. Освен што учествува на српскиот пазар на трудот со постојани работни места, Мелексис Бугарија ја лансира и својата специјална програма за неодамна дипломирани млади специјалисти Fresh graduate.

  • 10 june 2019MTG: Осам АД го грабна златото во конкурсот „Одлеанок на годината“ за својот детаљ „Лулка“

    Следна престижна награда доби Осам АД, дел од бугарскиот индустриски холдинг Метал Технолоџи Групација АД. „Фабриката од Ловеч освои златен медал и диплома во конкурсот „Одлеанок на годината 2018“ за време на годишната конференција „Леење на метали 2019“, која се одржа на 11 април во град Плевен, Бугарија. Ова следно одличие за добро завршената работа е вистинска гордост за нас“, информираа од компанијата. Конкурсот „Одлеанок на годината“ е организиран од Бугарскиот научно-технички сојуз за машиноградба.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 26 june 2019Во српскиот град Панчево ќе се произведуваат автомобилски, бродски и железнички компоненти

    Германската компанија ZF Friedrichshafen AG (ZF) отвори производствена база за автомобилски, бродски и железнички компоненти во индустриската зона на град Панчево, Србија. Првично таму ќе бидат ангажирани околу 300 вработени. Досега компанијата има инвестирано околу 100 милиони евра во изградбата на фабриката, но планира дополнителни трошоци. ZF, исто така, очекува да вработи повеќе од 1.000 работници и да се изгради научно-истражувачки центар со површина од 5.000 метри квадратни.

  • 24 june 2019Северна Македонија во партнерство за создавање на дигитални иновации за поддршка на деца со попреченост

    Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ објавија партнерство за проширување на можностите за вклучување на децата и младите со попреченост во јавниот живот и образованието. Партнерите ќе работат заедно со младите луѓе за да креираат иновативни дигитални решенија за подобар пристап до образование и инклузија на лицата со попреченост. Проектот се состои од две главни насоки: дизајн предизвик „Generation Unlimited“ и дигитална мапа за пристапност за лицата со попреченост „Without Barriers“.

  • 19 june 2019Високобрзинска железничка пруга ќе ја поврзе бугарско-турската граница со Истанбул

    Високобрзински воз ќе ги поврзува станицата Халкали во Истанбул, Турција, со Капикуле, турската страна на граничниот премин Капитан Андреево, Бугарија. Ова е дел од поголем проект за изградба на железничка пруга што ќе ги поврзува Европа со Азија, дозна BalkanEngineer.com. По високобрзинската пруга ќе возат возови со брзина на движење од 200 км/час, превезувајќи како патници така и товари. Целата рута на високобрзинскиот воз е од Капукуле до Черкезкојј во Турција.

  • 17 june 2019Ikea ја отвора својата втора продавница во Букурешт, Романија

    Шведскиот производител на мебел Ikea ќе ги отвори вратите на својата втора продавница во Букурешт на 24 јуни 2019 година – наречена Ikea Pallady. Ова е најголемата продавница на компанијата во регионот на Југоисточна Европа вредна скоро 90 милиони евра. Продавницата има површина од 37.000 метри квадратни и ќе понуди околу 10.000 производи. Романските клиенти ќе имаат можност да се шетаат низ 58 соби со идеи за внатрешен дизајн. Во зградата ќе има уште детско игралиште, како и ресторан во кој ќе се служат шведски и романски јадења.

  • 12 june 2019Српската петрохемиска компанија Petrohemija бара инвеститори

    До крајот на годината ќе стартува тендерот за стекнување на петрохемискиот гигант со седиште во град Панчево, Србија – Petrohemija. Компании од Русија, Полска и Романија покажуваат интерес за купување на компанијата, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor.com. Додека чека соодветни инвеститори Petrohemija инвестира 18 милиони евра во подобрување на своето претпријатие и извршување на основен ремонт. Ова е најголемата инвестиција на фирмата во изминатите три децении со цел зголемување на производството за 23%.

  • 10 june 2019Во Македонија најсилно се развива трговскиот сектор

    Во Северна Македонија најмногу нови претпријатија се создаваат во трговскиот сектор, при што најголем е интересот за трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила, дозна BalkanEngineer.com од denar.mk. Според податоци на Државниот завод за статистика, во оваа гранка се наоѓаат 30,2% од новоформираните 6321 претпријатија. Други атрактивни сектори за развој се преработувачката индустрија со 10.7%, професионални, научни и технички активности со 10.6%, како и хотелиерство и угостителство со 10.3%.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 25 june 2019Бугарски и српски ученици ќе се обучуваат по програма на Microsoft и Proplusion

    Microsoft и невладината организација Proplusion започнаа нова регионална иницијатива која има за цел подобрување на наставата по информатика меѓу учениците од средните училишта на Балканот, дозна BalkanEngineer.com. Образовната програма, која ќе обезбеди ресурс за настава и обука во областа на информатиката, се нарекува „Gen-D – градење на дигитална иднина“. Сите материјали утврдени во платформата се создадени во Србија и ќе бидат обезбедени на англиски јазик на ученици од секоја земја учесник.

  • 20 june 2019Македонија беше домаќин на Третата Меѓународна конференција за телекомуникации BalkanCom

    Третата меѓународна конференција во областа на телекомуникациите се одржи меѓу 10 и 12 јуни 2019 година во град Скопје, Северна Македонија. Овогодинешното издание на настанот беше под наслов „5G и понатаму“. Конференцијата претставува глобална научна платформа која обединува истражувачи од академијата, истражувачките лаборатории и индустријата во дискусија за предизвиците и можните решенија поврзани со 5G технологијата.

  • 18 june 2019Србија со аукција за изградба на 5G мрежа од следната година

    Аукцијата за поставување на 5G мрежа во Србија најверојатно ќе биде отворена во 2020 година, соопшти Српската регулаторна агенција за електронски комуникации и поштенски услуги. Од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година многу европски земји започнуваат слични аукции, а уште многу слични се планираат, дозна BalkanEngineer.com. Ќе се развива новата мобилна мрежа од петта генерација, базирана на подобрени услуги, побрз интернет како и можност за гледање телевизиски програми во реално време преку мобилните телефони.

  • 13 june 2019Enel инвестира повеќе од 11 милиони евра во интелигентни мерни уреди на електрична енергија во Романија

    Електродистрибутивното друштво Enel Group планира да инсталира повеќе од 171 000 интелигентни мерни уреди за клиентите во областите Банат, Добруџа и Мунтенија, Романија. „Интелигентните мерни уреди ќе ги постават темелите за изградба на идните интелигентни мрежи, кои ќе можат да се соочат со предизвиците на енергетската транзиција, охрабрувајќи го развојот на чисти, одржливи и ефикасни енергетски системи“, споделуваат од Enel Group.

  • 11 june 2019Се планира изградбата на меѓусистемска врска помеѓу Бугарија и Србија

    Министрите за енергетика на Бугарија и Србија најавија дека интерконекторот помеѓу двете земји треба да биде пуштен во употреба во 2022 година. Одлуката за создавањето на меѓусистемската врска Бугарија – Србија беше донесена за време на самитот посветен на енергетската безбедност, кој се одржа во Белград, Србија. Министрите на двете држави се едногласни дека изградбата на инфраструктурата што недостасува е клучот за постигнување како на енергетска безбедност, така и на конкуренција при испораките на гас за регионот на Југоисточна Европа.

  • 06 june 2019Македонија бара нови инвестиции за време на Виенскиот економски форум

    Економски форум на тема „Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија“ се одржа на 20 мај 2019 година во главниот град на Австрија. На настанот учествуваше владина делегација, предводена од македонскиот премиер Зоран Заев, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Во македонската делегација беа вклучени вицепремиерот задолжен за економски прашања, министерот за финансии и министерот за образование и наука. За време на форумот беа разгледувани можностите за инвестиции во Северна Македонија.

Види ги сите »