Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Телетек Електроникс: Апликациите Teletek CLOUD и Teletek PRO обезбедуваат оптимална работа со iRIS

01 december 2022

In Bulgarian  In Serbian

 

Teletek CLOUD и Teletek PRO заштедуваат време и ги оптимизираат активностите за одржување на системите за противпожарен аларм“ споделија од Телетек Електроникс - европски лидер во производството на опрема за сигнално-безбедносна и противпожарен аларм. Мобилните апликации обезбедуваат далечински пристап и следење во реално време на iRIS адресибилните системи за противпожарен аларм. Тие се применливи на iRIS панелите кои поддржуваат CLOUD функции - iRIS8 од верзијата на фирмверот 1.1.1 и понова, како и  новиот iRIS 4. Teletek CLOUD и Teletek PRO овозможуваат следење на статусот на поврзаните објекти во секое време и од која било точка преку безбедна врска, да се проверува дали има тековни и минати инциденти и да се прима порака на телефонот кога ќе се случи некој настан - функција од најголема важност. Ова значително го зголемува нивото на безбедност што го гарантира системот за противпожарен аларм, неговата ефикасност и овозможува молскавична реакција во случај на потреба.

 

 

„Обезбедувајќи далечински пристап, следење и одржување на сите поврзани iRIS адресибилни системи за противпожарен аларм, новите апликации Teletek CLOUD и Teletek PRO овозможуваат управување со повеќе објекти од една точка. Во суштина, ова ги оптимизира во голем степен времето, трошоците и организацијата за да обезбеди максимална безбедност. Корисниците можат да го проверат системот во реално време (состојба на јамка, зона и уред, активирање и состојба на влезно – излезни модули), како и да добијат порака преку телефон“, објаснија од компанијата.

Апликациите се обмислени и во однос на нивната брза употреба. Можете да додадете панел со скенирање на QR-код и да се потпрете на геолокација со Google Maps. Една од организациски погодности е поддршката на повеќе корисници со различни нивоа на пристап, а функционалноста е подобрена со лесен и интуитивен интерфејс.

 

 

Се размислувало и за проектантите. Teletek PRO има дополнителен јамка калкулатор за да помогне во пресметувањето на должината и дебелината на кабелот според бројот на уреди обезбедени во проектот.

 

Свесни сме за главните глобални трендови и предизвици и се стремиме постојано да се развиваме преку се поиновативни, високотехнолошки и квалитетни производи“, објаснија од Телетек Електроникс. Компанијата го брани својот авторитет како водечка компанија не само со обемот на своето производство (повеќе од 30 милиони производи на компанијата се монтирани во повеќе од 1 милион згради ширум светот), туку и со односот кон својот тим како клучен фактор за успех.

 

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: 00359 2 969 48 00

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Телетек Електроникс

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »