In Bulgarian.
Мултинационалниот гигант Continental е меѓу најроботските шпански производители и пионер во пристапот кон Индустрија 4.0. „Во минатата 2016 година групацијата одлучи да спроведе неколку колаборативни роботи UR10 на Universal Robots, со што да го автоматизира процесот на производство на печатени електронски плочи, намалувајќи го времето помеѓу операциите на половина – од 40 на 20 минути“, раскажаа за BalkanEngineer.com од фирма СолТех ДООЕЛ, која нуди решенија на Universal Robots за македонскиот пазар.
Сирил Хогард, управител на фабриката на Continental Automotive Шпанија, коментира дека един од најголемите предизвици за индустријата е да се подобри продуктивноста, која е меѓу најконкурентните предности на една компанија.
Кога специјалистот слушна за прв пат за колаборативните роботи, тој брзо се убедува во фактот дека токму тие ќе бидат важно решение за Continental Automotive на патот кон Индустрија 4.0, потпирајќи се врз идејата за брза и лесна интеграција, минимални трошоци за одржување и поголема продуктивност.
Continental Automotive Шпанија ги избира роботите на Universal Robots кои да вршат операции за производството и валидацијата на печатени електронски плочи и компоненти за време на производствениот процес. Тоа се сите монотони и рутински операции, кои сепак бараат прецизност и точност.
Првично се инсталирани два роботи модел UR10 – за утовар и истовар на плочите, како и за монтажа на компонентите. Во моментов веќе работат 6 колаборативни роботи UR10 со уште 3 дополнителни UR10 машини.
Екипата на Continental е исклучително задоволна од резултатите постигнати со инсталирањето на колаборативни роботи на нивната производствена линија, бидејќи тие успеваат да постигнат контрола и флексибилност на процесите, помалку оптоварување на тимот, намалување на трошоците, безбедност и сигурност на работните процеси.
Трговска канцеларија
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. "Кукленско шосе” 21
Телефон: +359 32 500 425, +359 877 707 954
E-mail: sales@soltec.bg
Извор на фотографии: СолТех, Universal Robots